Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зоран Заев: Владата е партнер на инвеститорите, „Гересхајмер“ најавува нова најголема инвестиција од областа на фармацијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зоран Заев: Владата е партнер на инвеститорите, „Гересхајмер“ најавува нова најголема инвестиција од областа на фармацијата
Агровести

Зоран Заев: Владата е партнер на инвеститорите, „Гересхајмер“ најавува нова најголема инвестиција од областа на фармацијата

Објавено 27/04/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Инвестицијата на „Гересхајмер“ е многу важна од областа на здравството и фармацијата и како држава нé става на мапата на производители на медицински амбалажи кои се користат насекаде во светот. Оваа фабрика ја најавивме во 2019 година, денешното пуштање во употреба на инвестицијата е само еден дел од севкупните планови за инвестирање на „Гересхајмер“. Инвестицијата во оваа фаза е 25 милиони евра. На среден рок предвидено е да се отворат 400 работни места, а компанијата има сериозни планови и за натамошно проширување“, изјави премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на фабриката на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Премиерот Заев упати искрени честитки за посветената работа и навремената реализација на инвестицијата на „Гересхајмер“ која произведува пластични системи за фармацевтската индустрија, што ќе обезбеди нови работни места и ќе придонесе во развојот на севкупната економија.

„Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а Северна Македонија беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со земјите од соседството, поради политиките на Владата, како и членството во НАТО што значи зголемена сигурност, стабилност и атрактивност за странските инвестиции. Компанијата „Гересхајмер“ најавува и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели. Ова ќе биде најголема поединечна инвестиција во историјата на Северна Македонија, од областа на медицината и фармацијата„ изјави премиерот Заев и додаде дека високо квалификуваниот кадар на компанијата, претежно инженери имаат двојно повисоки плати од просечната.

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи истакна дека Владата во изминатите 4 години направи исчекор во начинот како се привлекуваат, не само странските, туку и домашните инвеститори и како се креира додадена вредност.

„Додадената вредност се подобро платените работни места, нашите компании да бидат дел од ланецот на набавка на одредени индустрии што можеби во минатото тешко беше да се поверува. Отворањето на оваа фабрика на „Гересхајмер“ за нас е многу важен чекор, затоа што ова е прва нивна фабрика во Југоисточна Европа, а со најавите дека размислуваат за проширување, навистина ни дава задоволство секогаш да ги поддржиме. Ова само покажува и потврдува дека нашата посветеност за креирање на предвидлива и поволна бизнис клима е секојдневно присутна”, потенцираше Битиќи при што посочи дека само во 8 месеци потпишани се 53 договори за поддршка на инвестиции на домашни и странски компании со вкупен инвестициски циклус од 95,7 милиони евра и нови 2.000 работни места.

„Само за потсетување за одредени податоци коишто се случуваат заради функционирањето на компаниите во ТИРЗ зоните. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека за првите 2 месеци од 2021 година во споредба со истите месеци од 2020 година кога се уште немаше пандемија, бележиме раст на трговската размена од 6,7%, растот на извозот е речиси двоцифрен и изнесува околу 10%, а растот на увозот е околу 4,4%, а секако тоа што нас секогаш не интересира е покриеноста на увозот со извоз, кој изнесува од 78,4% што е одличен податок, знаејќи дека сме во период на криза”, посочи вицепремиерот Битиќи.

Директорот Деспотовски рече дека оваа фабрика која се отвора денес е конкретен резултат на посветена работа на оваа Влада.

„Нашата посветеност продолжува и низ интензивните преговори коишто ги водиме со компанијата за нова инвестиција. Можам само да го истакнам моето очекување дека во скоро време ќе можеме да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на Северна Македонија. „Гересхајмер“ само во првата фаза се обврза да отвори 200 работни места, а на среден рок да го удвои овој број. Нашите сограѓани кои работат овде веќе примаат плати двојно над државниот просек. ТИРЗ и оваа Влада се насочени кон компании со напредни технологии кои носат високо платени работни места кои ќе обезбедат добар животен стандард и се начин да им обезбедиме перспектива и иднина на младите дома, во својата земја”, изјави Деспотовски.

Потпретседателот на „Гересхајмер“ Оливер Бургел рече дека станува збор за водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Оваа компанија има погони за производство во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија со околу 10.000 вработени и остварува приходи од приближно 1,4 милијарди евра.

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:gereshajmerгересхајмер
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК за доставување барањa за користење средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година
Следен напис Локална нестабилност со врнежи од дожд утре попладне
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?