Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Значителен пад на цената на нафтата по најавата за можен договор меѓу САД и Иран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Значителен пад на цената на нафтата по најавата за можен договор меѓу САД и Иран
Агровести

Значителен пад на цената на нафтата по најавата за можен договор меѓу САД и Иран

Објавено 25/05/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата забележаа значителен пад, додека прометот на азиските берзи е во пораст по најавите за можно постигнување договор со кој би се ставил крај на американско-израелската војна со Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата навечер дека договорот со Техеран е „во поголем дел договорен“ и дека деталите ќе бидат објавени наскоро, но веќе синоќа го повика својот преговарачки тим да не брза со конечниот договор, јавува Би-Би-Си.

Од утрово, глобалната цена на референтната нафта од типот „Брент“ падна за 5,5 отсто на 97,90 долари, додека цената на американската нафта се намали за 5,8 отсто на 90,99 долари за барел.

Трамп претходно потврди дека договорот ќе вклучува и повторно отворање на клучната трговска поморска рута преку Ормуската Теснина, без да наведе дополнителни детали.

Овој тесен морски премин, низ кој вообичаено поминува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас (ЛНГ), е ефективно затворен од почетокот на судирите на 28 февруари.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:Договорзначителен падИраннафтатасад
Претходен напис Ивановски: Приоритет на Владата е да имаме градски воз, делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември
Следен напис Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?