Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Златевски: Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Златевски: Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје
Агровести

Златевски: Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје

Објавено 25/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје, рече денеска Јован Златевски, претседател на Сојуз на здруженија на лозари и претседател на потсекторска група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.  

– На наредниот состанок на потсекторската група, ќе го отворам ова прашање, со цел да се разгледаат проблемите на лозарите. Производителите на грозје се соочуваат со сериозни последици од летната суша, дури и до стотина проценти. Иако е при крај, уште трае гроздоберот. Чекаме да заврши гроздоберската сезона, па да се сретнеме и да поразговараме за проблемот и да изнајдеме соодветно решение, појасни Златевски за МИА. 

Тој додаде дека истовремено, се согледуваат штетите на терен. 

– Ние не сме за тоа, сите лозари да бидат обесштетени, бидејќи не сите имаат штети од сушата. Последици имаат тие кои стопанисуваат со лозја на суво, но и тие кои, иако имаат земјоделски имоти што условно речено можат да се наводнуваат, но, од најразлични објективни причини, наводнувањето не било реализирано, или било недоволно. Затоа, нашиот предлог најверојатно ќе биде, да добијат обесштетување, на пример, сите тие кои добиле под еден тон грозје од еден декар земјоделска површина, истакна Златевски. 

Тој изрази надеж дека надлежните во државата ќе прогласат елементарна непогода суша и ќе донесат одлука за обесштетување на лозарите, поради намалениот принос во лозовите плантажи. 

МИА

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:декар лозјеЗлатевскиобесштетувањесуша
Претходен напис До сабота сончево и топло, в недела дожд
Следен напис Викендов во Кочани ќе се одржат традиционалните „Денови на кочанскиот ориз“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?