Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗКРСМ бара поддршка од надлежните за поконкурентни занаетчии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЗКРСМ бара поддршка од надлежните за поконкурентни занаетчии
Агровести

ЗКРСМ бара поддршка од надлежните за поконкурентни занаетчии

Објавено 04/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Занаетчиската комора поднесе барање до надлежните министерства и до Владата за поддршка на занаетчиството преку различни мерки, соопштија денеска надлежните од ЗКРСМ. Од комората велат дека по барање на занаетчиите и по консултациите со регионалните комори, како национална комора поднеле барање до Министерството за економија за поддршка на вршителите на занаетчиската дејност.

– По барање на занаетчиите и по консултација со регионалните комори, поднесовме барање до соодветното министерство, засега сè уште немаме одговор. Сега е во процес јавниот повик за субвенционирање на старите занаети, за сите вршители на занаетчиската дејност и во тој контекст ќе почекаме уште малку пак ќе поднесеме барање. Се надевам дека ќе добиеме позитивен одговор од оваа Влада, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлии.

Занаетчиите бараат нивна категоризација за да можат да добијат соодветни средства за мерката самовработување и бараат пресликување на хрватскиот модел. Воедно, до Министерството за економија е испратено старото барање за занаетчиите да се категоризираат како микробизниси, а не како индустрија, за да плаќаат поевтина електрична енергија.

– Бараме од владата да ги категоризира занаетчиите не само да дадат 6.000 евра за отворање на бизнис, сега е зголемена за илјада евра од претходно. Бараме да се земе хрватскиот модел, да се категоризираат занаетчиите по професија затоа што за фризер се доволни 6.000 евра, додека за автомеханичар или за кој било дел од градежната дејност, не се доволни тие средства кои се даваат за мерката самовработување. Во тек се преговорите и верувам дека ќе ја постигнеме целта, занаетчиите, вршители на занаетчиската дејноста да станат поконкурентни, попрофитабилни, додава Фазлии.

Повисоките субвенции, сметаат надлежните од комората ќе придонесат бизнисите побрзо да се развијат, занаетчиите ќе можат да вработат сопствен кадар со одредени клаузули со кои ќе се задржат занаетчиските дејности во државата и ќе се намали недостатокот од одредени кадри, механичари, бравари, водоводџии, електричари. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:занаетчииЗКРСМнадлежнитеподдршка
Претходен напис Поплави ширум Црна Гора
Следен напис Владата на БиХ прогласи состојба на елементарна непогода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?