Дигитализација во земјоделско производство – ЗК ПЕЛАГОНИЈА!
Со огромно задоволство споделуваме дека ЗК Пелагонија успешно ја усвои дигиталната трансформација во земјоделството, поставувајќи нови стандарди за паметно и одржливо производство!
Во рамките на оваа револуционерна трансформација, ЗК Пелагонија имплементираше неколку агро-станици и обемна мрежа на сензори за влага, температура и соленитет на почвата, овозможувајќи прецизни податоци за подобрување на ефикасноста особено во наводнувањето.
Овој напреден хардвер е поддржан од интегриран софтверски систем, кој овозможува целосна дигитализација на управувањето со фармата – означувајќи целосен премин кон напредно земјоделие познат под терминот Agriculture 4.0!
Со воведувањето на систем за поддршка на носење одлуки околу агротехничките мерки (DSS), сите агрономски активности сега се управувани врз основа на прецизни податоци, што води до оптимизирана продуктивност и одржливост.Овој значаен напредок отвора нови можности за прецизно земјоделство, правејќи го производството поефикасно, економично и со висок квалитет. Дополнително, оваа дигитална основа создава идеални услови за идната автоматизација на наводнувањето, сеидбата, третманите и другите клучни земјоделски процеси.

Во текот на имплементацијата, имавме чест да соработуваме со исклучителен тим професионалци од ЗК Пелагонија, чии посветеност и експертиза беа клучни за успехот на проектот. Посебна благодарност до Andrej Mickovski @Моника Павловска, двајца извонредни агрономи, чие знаење и ангажман беа непроценливи – од планирање, инсталација, па се до обуката за користење на истиот.
Горди сме што имавме можност да соработуваме со ЗК Пелагонија АД Битола и да бидеме дел од модернизацијата кон попаметно, поодржливо и поиновативно земјоделство!
Фејсбук статус на S Smart Farming Technologies
