Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крајот на декември до средината на јануари и крајот на февруари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крајот на декември до средината на јануари и крајот на февруари
Агровести

Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крајот на декември до средината на јануари и крајот на февруари

Објавено 25/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови.

Климатскиот осврт што го изработија професорот Владо Спиридонов, редовен професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и професорот Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ, покажува дека не очекува претежно променлива зима, која ќе биде умерено топла во однос на климатскиот просек (1991-2020).

– Во пониските предели, како Скопје и Штип, се очекуваат средни зимски температури од 1–4°C (нормални вредности: Скопје 1,1–2,4°C, Штип 1,6–3,1°C), додека во планинските подрачја, како Маврово, средната температура ќе биде од 0 до –3°C (нормална вредност –2 до –0,4°C). Бројот на мразни денови ќе изнесува 30–55 во низините и 60–75 на планините, додека ледените денови ќе бидат релативно ретки во низините (5–15), но почести на планините (25–40). Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови, пишува во анализата изработена врз основа на сезонските прогнози на ECMWF и UKMO.

Врнежите ќе бидат регионално и временски нерамномерно распределени, при што снегот ќе биде концентриран во планинските делови, особено во западна и северна Македонија (Шар Планина, Бистра/Маврово, Баба, Јакупица). Во пониските котлини, снежната покривка ќе биде повремена и нестабилна, со чести премини меѓу дожд и снег.

– Првата половина од зимата ќе биде карактеризирана со наизменични високопритисочни гребени и нископритисочни системи, додека во втората половина се очекува помала динамика и постепен тренд на бавно опаѓање на притисокот кон крајот на март. Во стабилните антициклонални периоди, особено во котлините, ќе се создаваат услови за температурни инверзии, магла и застој на воздухот, што ќе доведе до значително влошување на квалитетот на воздухот и можни епизоди со високи концентрации на аерозагадувачки материи, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина, анализираат двајцата професори.

Од хидролошки аспект, не се очекуваат драматични сценарија, но постои умерен ризик од локални поплави, особено при интензивни врнежи комбинирани со топење на снегот, најверојатно кон крајот на февруари и во март. 

Промените, како што се наведува во анализата, најверојатно ќе се одразат врз енергетскиот сектор поради варијабилната побарувачка и ризикот од мраз и влажен снег, во транспортот поради снежните блокади, голомразицата, одроните на планинските превои и лавините, во здравството поради загадувањето на воздухот и во земјоделството поради ризикот од мраз и свлечишта. 

– Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани, при што главните ризици произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините. Навременото следење на ажурираните прогнози и координацијата меѓу институциите се клучни за минимизирање на потенцијалните штети, оценуваат професорите Спиридонов и Милевски.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:декемвризиматајануаристудени бранови
Претходен напис УХМР: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Следен напис АМСМ: Поради магла намалена видливост на неколку патни правци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?