Жолтата лента околу овошките во Германија е знак дека можете слободно и без прашање да собирате овошје од тоа дрво. Ова е дел од минатогодишниот проект имплементиран во областа Еслинген во сојузната покраина Баден-Виртемберг, а оживеа и во други делови на таа земја.
Одзивот на населението е повеќе од добар, а целта е што помалку овошје да остане необрано. Секој што има овошно дрво или овоштарник, но не успева да ги собере, може да ги обележи дрвјата и да им даде знак на другите дека можат слободно да ги берат плодовите. Овој проект освои награда минатата година, а Центарот за исхрана на Долна Саксонија (ЗЕХН) вели дека е многу баран и оваа година.
Досега, тие поделиле околу 1.400 жолти ленти на сопствениците на цреши, јаболка, круши и друго овошје, кои сакаат да ги направат своите плодови достапни за другите жители. На бесплатната берба освен приватните сопственици, се одзваа и здруженијата и општините.
Ваква акција се најавува и во Луксембург.
Извор: agrosavjet.com
