Овој ден за нас е потсетник на долгогодишната традиција, љубовта кон лебот и сето она што го прави нашиот бренд дел од секојдневието на илјадници семејства.

Ова беше ден исполнет со многу игри, смеа и забава, создавајќи атмосфера која нè потсети дека зад секој наш производ стои тим исполнет со ентузијазам и посветеност. А посебно сме горди што на овој ден доделивме и признанија за нашите колеги кои се со нас повеќе од 30 години, луѓето кои со својата посветеност и труд го носат успехот на Жито Лукс со години.

Да се прославува љубовта кон лебот значи да се прославува животот – а ние сме горди што речиси 8 децении сме дел од вашите трпези и секојдневни моменти.
Фејсбук статус на Жито Лукс
