Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жителите на бугарско Струмјани бараат побрзо отворање на граничниот пункт „Клепало“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жителите на бугарско Струмјани бараат побрзо отворање на граничниот пункт „Клепало“
Агровести

Жителите на бугарско Струмјани бараат побрзо отворање на граничниот пункт „Клепало“

Објавено 20/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жителите на бугарската општина Струмјани во близина на идниот граничен премин со Северна Македонија „Клепало“, стравуваат дека неговото отворање најверојатно ќе биде повторно одложено, пренесува Бугарската национална телевизија.

Како што јави дописникот на МИА, жителите на Струмјани инсистираат на јасни и прецизни рокови за отворање на граничниот пункт. Првичните очекувања се дека ќе профункционира во 2023 година. Отворањето на овој пункт општина Струмјани го чекаше со децении. Во 2018 година беа санирани околу 23 километри од патот што води до идниот граничен премин што ја поврзува Бугарија со Северна Македонија. Остануваат да се изградат уште околу седум километри. Жителите на Струмјани се надеваа дека преминот ќе профункционира до 2020 година, но тоа не се случи.

На почетокот на 2022 година е поставен нов рок до 2023 година за отворање на преминот, што ќе ги поврзе Бугарија и Северна Македонија и ќе биде од голема важност за регионот на Струмјани.

Секретарот на општина Струмјани Иван Секулов напоменува дека овој рок нема да се испочитува и оти загриженоста е голема бидејќи за овој граничен пункт се зборува веќе 40 години, а тој освен што ќе ги поврзе Бугарија и Северна Македонија ќе биде важен и за Струмјански регион кој е изложен на депопулација.

Градоначалникот на Струмјани Емил Илиев вели дека во изминатите три месеци заедничка бугарско-македонска комисија работи на отворање на новиот граничен пункт. Илиев потврди дека на една од работните средби биле споменати нови подоцнежни рокови како 2025 година, но можно е тоа да се случи во 2027 година, што е крајно неприфатлив рок за жителите од регионот. Мештаните во Струмјани бараат да се покаже политичка волја и да се преземат конкретни заложби од државните институции за отворање на граничниот пункт и за ревитализација на овој крај.

Според програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија за периодот 2021-2027 година, повеќе од 9 милиони евра се наменети за идниот граничен пункт. На територијата на Република Северна Македонија одамна е изграден објект за царинска и гранична контрола. Деновиве е рехабилитиран и дел од патот од Берово до границата со Бугарија.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:граничниот пунктКлепалоСтрумјани
Претходен напис РКЕ неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија
Следен напис Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?