Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жители на две карбински села не дозволуваат копање јами за закопување до 10.000 угинати свињи од африканска свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жители на две карбински села не дозволуваат копање јами за закопување до 10.000 угинати свињи од африканска свинска чума
Агровести

Жители на две карбински села не дозволуваат копање јами за закопување до 10.000 угинати свињи од африканска свинска чума

Објавено 31/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жителите на селата Таринци и Нов Карорман заедно со градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, вечерва организираа протест и не дозволија да се создаваат јами, во кои ќе се закопаат заболените свињи од африканската свинска чума во фармата која е во близина на селото Таринци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека според информациите станува збор за 9.000 до 10.000 свињи, кои се одгледувале во најголемата фарма во овој регион.

-Еден од најголемите произведувачи на свинско месо е токму оваа фарма во село Таринци и она што е голем проблем во овој момент, каде тие угинати свињи би завршиле. Токму тоа се случуваше и вечерва, тие се обидуваа на државно земјиште да го узурпираат и да копаат некој вид јами, коишто би биле потенцијална гробница на угинатите свињи, вели Паунов.

Посочува дека градежните машини копале меѓу селата Таринци и Нов Карорман и во непосредна близина на Индустриската зона, каде што има неколку фирми.

-Излеговме на еден мирен протест за да го спречиме ова на почетокот, затоа што по моите сознанија тие во овој момент не располагаат со никакви одобренија, ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство кои интервенто донеле решение за усмртување на тие животни. Но, не се направени никакви испитувања од страна на животна средина, дали таа локација би била соодветна и дали е потенцијална опасност за населението, за ширење на некакви болести или загадување на подзомните води, вели Паунов.

Околу 30 жители се собрале на локацијата, по што градежните машини запреле со работа. Паунов најави дека утре ќе има состаноци со надлежните инспектори за овој проблем.

МИА

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:африканскаахвјамиКарбинцисвињи
Претходен напис Николовски:Исплатени околу 22 милиони денари за 476 корисници, производители на зимска зелка на отворено
Следен напис Обзор казино Вавада особенности и преимущества
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?