Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек
Агровести

Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек

Објавено 08/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија е во полн ек, а наскоро ќе се жнејат и површините под р”ж. Во изјава за МИА, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Стојан Христовски, истакна дека преносите од сите култури се солидни и со висок квалитет.

-Жетвата на пченицата е во  тек, а до денеска од 12.000 хектари со пченица, досега ожнеани се 2.000 хектари. Во битолскиот дел на Пелагонија од површините со јачмен кои вкупно се 3.300 хектари, ожнеани се околу 2.000 хектари, а деновиве ќе почне жетвата на р”ж. Земјоделците жнеат и тритикале кое го има на површина од 700 хектари. Патем, родот е солиден, а јачменот е најдобар со приноси од 5000 килограми по хектар додека според првиот дел од жетвата на пченицата, просечно се собираат по 4000 до 5000 килограми лебно зрно на хектар, посочи Христовски.
Од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола потсетуваат дека во тек се огласите за субвенционирање на повеќе земјоделски дејности кои завршуваат на 15 август, како и три повици за инвестиции во земјоделството кои се однесуваат на инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства или за набавка на приклучна земјоделса механизација кои завршуваат за неколку денови, односно на 11 јули.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битолскиот делжетватапелагонијаполн ек
Претходен напис До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
Следен напис Снег падна во Словенија сред лето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?