Овогодишните цени на житарките на светските берзи се опишани како необично високи, а во последно време силно осцилираат. Моментално повеќето берзи бележат нивен раст.
Според податоците на американското Министерство за земјоделство (USDA) тамошните земјоделци ќе произведат помалку пченка и соја отколку што очекувале аналитичарите. Состојбата ја влошува и сушата на северозападот на САД и Канада каде што температурите минатата недела достигнале рекордни 50°C. Овие екстремни услови ја оштетија пролетната пченица и маслодајна репка која на тамошните главни подрачја за одгледување е моментално во цетање. Како резултат на тоа, вредностите на светските берзи почнаа да растат.
Аналитичарите и трговците очекуваа нешто повеќе засеани површини, а пазарот веќе ги предвиде цените. Така на пример, очекувале под пченка да бидат 37,93 милиони хектари, а USDA утврдила дека се околу 37,53. Таква е ситуацијата и со сојата каде што Министерството објави дека се засеани 35,46 мил.ха во споредба со очекуваните 36 милиони. Меѓутоа, површините под пролетна пченица се проценуваат на 4,69 милиони хектари, што е повеќе од трговските очекувања од 4,62 и помалку од проценката на USDA од март од 4,75 милиони хектари.
Како се движат цените?
Во прилог на тоа, на парискиот MATIF договорот за првата пченица за новата жетва пораснал за 8 евра – на 211 евра по тон. Во првиот договор за пченка за август, цените пораснале за едно евро – на 240 евра по тон. Цените за маслодајна репка нагло пораснале за 5 евра па сега изнесуваат 531 евра по тон.
Цената на пченката на чикашката берза CME пораснала на 239,22 евра/тон. Меѓутоа на парискиот EuroNext на 18 јуни чинела 258 евра/тон, a на 2 јули дошло до пад на 239,75 евра по тон.
Што се однесува до пченицата, таа на чикашката берза чини 218,86 евра/тон додека на EuroNext пораснала на 209,25, во однос на 18 јуни кога била 205,75 евра/тон.
Тон маслодајна репка на берзата на ICE Canada чини 593,99 евра, а сојата на CME 480,85 eврa.
Во неодамнешниот извештај на Холандската земјоделска банка Rabobank цените оваа година се опишани како невообичаено високи.
Извор: agroklub.com
