Министерот Николовски за 2024 година најави зголемување на субвенциите и воведување на нови мерки.
И во оваа 2024 година носиме мерки и политики кои се во корист на сите земјоделци:
Зголемување од 50% на 100% за зелена нафта.
Воведување на основна мерка од 6.000 ден по хектар за тутунопроизводители
Субвенционирање за косење и одржување на ливадите од 6.000 денари по хектар
Дополнителни субвенции за производство на грозје со висок квалитет за добивање на високо квалитетни вина со износ од 40.000 денари по хектар, кои заедно со основните 20.000 денари по хектар вкупно би изнесувале 60.000 денари по хектар
Зголемување на субвенции за заклано јагне и јаре од 400 денари на 1.000 денари
Зголемување од 4.000 ден на 12.000 ден за крави над 12 месеци.
Со автохтоната сорта Станушина во моментот кај 400 лозари се засадени околу 500 хектари, со што на директните субвенции лозарите ќе добијат дополнителни 5.000 денари по хектар или вкупно само за ова мерка би се издвоиле дополнително 2.500.000 денари
Исто така за прв пат воведуваме една мерка која се однесува на корисници на ливади и тоа ливади кои ги користат за напасување на добиток и секако косење и одржување на ливадите
Зголемување на плата за овчари од 360.000 денари на овчар на 620.000, каде се трга критериумот над 700 метри надморска висина.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство