Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемени водостоите на сите реки и на Охридското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемени водостоите на сите реки и на Охридското Езеро
Агровести

Зголемени водостоите на сите реки и на Охридското Езеро

Објавено 29/11/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зголемени се водостоите на сите реки во земјава и на Охридското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најголемо зголемување во споредба со вчера има реката Сатеска на мерното место кај Ботун каде нивото е за 8,5 пати поголемо од вчерашното. Значајно зголемување на водостојот имаат и реките Треска кај Македонски Брод со повисоко ниво за 79 сантиметри, Вардар кај Јегуновце со повисок водостој од 54 сантиметри и Црн Дрим кај Ложани со зголемување од 36 сантиметри. Најмало зголемување на нивото од само еден сантиметар во споредба со вчера има Црна Река кај Р.Б.Мост.

За еден сантиметар е зголемен и водостојот на Охридското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера се исти како вчера. Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за пет сантиметри повисок од просекот за ноември. Повисоко од просечното и тоа за 1,63 метри е и нивото на Дојранското Езеро, додека водостојот на Преспанското Езеро е за 1,89 метри понизок од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е на 17 сантиметри под апсолутно појавениот минимум од 841,91 метар надморска висина. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водостоитезголемениОхридското Езерореки
Претходен напис Продолжува мерката за субвенции на СТРУЈАТА, со 90% субвенционирање на цената за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи
Следен напис До петок стабилно и потопло, за викендот дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?