Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемена финансиска поддршка за младите земјоделци и предфинансирање на инвестициите преку ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Зголемена финансиска поддршка за младите земјоделци и предфинансирање на инвестициите преку ИПАРД
Фондови

Зголемена финансиска поддршка за младите земјоделци и предфинансирање на инвестициите преку ИПАРД

Објавено 21/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со  измените на Законот за земјоделство и рурален развој се зголемува неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци до 40 години од 10.000 на 20.000 евра. Мерката ќе биде за започнување и вршење на земјоделска дејност.

Измените предвидуваат отворање на можност за предфинансирање за корисниците на мерките од ИПАРД програмата за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи. Мерките од оваа програма овозможуваат кофинансирање на трошоците за инвестиции во изградба и реконструкција на преработувачки капацитети по принципот 50/50. Поточно, досега 50 отсто (или повеќе зависно од мерката) од инвестицијата на барателот се покрива преку ЕУ фондовите (ИПАРД), а остатокот е сопствено учество на барателот/инвеститорот. Сега со измените на Законот, се овозможува предфинансирање односно инвеститорот ги добива парите однапред пред да вложи за да може да инвестира. Конкретно, сопственото учество на  инвеститорот се покрива од националниот буџет, којшто има обврска на 8 еднакви годишни рати овој дел да го врати без камата. Тоа ќе биде утврдено со договорот за користење на оваа финансиска помош.

Помошта се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување на опрема и воспоставување на капацитети за постбербени активности.  Корисникот на помошта е должен пред склучување на договорот до Агенцијата да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вредност на одобреното предфинансирање согласно со фазите за реализацијата на инвестицијата како гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот. 

Може да ви се допадне

Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
ЕБОР и ЕУ го зајакнуваат пристапот до финансирање на жените и младите претприемачи 
Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
Таг:земјоделциинвестицииИпардмладифинансирање
Претходен напис Собранието ги донесе измените на Законот за земјоделство и рурален развој
Следен напис И на преостанатите 600 лозари кои имаа неплатено грозје од „Повардарие“ и „Стефани“, Владата ќе го исплати долгот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?