Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемен обемот на поштенски услуги, но и на рекламации – корисниците се повеќе бараат лиценцирани доставувачи на пратки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемен обемот на поштенски услуги, но и на рекламации – корисниците се повеќе бараат лиценцирани доставувачи на пратки
Агровести

Зголемен обемот на поштенски услуги, но и на рекламации – корисниците се повеќе бараат лиценцирани доставувачи на пратки

Објавено 24/12/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На македонскиот пазар моментно работат 29 правни лица за поштенски услуги од кои 28 со општо овластување за поштенски услуги и АД Пошта на Македонија како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга. Од 28-те даватели на услуги 12 работат со меѓународни услуги, три се со лиценци за домашни услуги, а 12 се локални даватели на поштенски услуги.

Според анализата на пазарот на поштенски услуги во првата половина од 2025 година што ја презентираше денеска Агенцијата за пошти, за околу 6,8 отсто е зголемен вкупниот обем на поштенски услуги, а за околу 35 проценти пораснал обемот на пакетски услуги. Издадени се вкупно осум општи овластувања за вршење поштенски услуги од кои две на нови компании кои првпат направиле влез на поштенскиот пазар. Едната компанија е за домашни услуги – писма и пакети со мрежа на цела територија на државата, а втората за работење локално, во Скопје, за пакети. Останатите шест дозволи им се дадени на постојни даватели на поштенски услуги од кои пет се општи овластувања за меѓународни поштенски услуги на даватели кои претхоно работеле само национални домашни услуги, а едно овластување е дадено на постојан локален оператор кој се проширил со нови услуги.

Поштенскиот пазар го напуштиле или им се одземени општите овластувања на седум даватели на поштенски услуги. Тројца даватели сами ја известиле Агенцијата за пошти за престанок со работа, а на четири други Агенцијата со решение им ги укинала дозволите.

Анализата покажува и зголемен број на рекламации директно кај давателите на поштенски услуги. Од 910 колку што биле поднесени претходното полугодие до давателите на поштенски услуги на слободниот пазар, бројката во првите шест месеци од 2025 пораснала на над 2 600. Најмногу поплаки има за пречекорување на рокот за достава, а 30 отсто се за оштетени и изгубени поштенски пратки.

Во Агенцијата се поднесени 48 претставки од корисници и два управни приговора, а остварени се и над 100 писмени комуникации. Притоа, на сите е одговорено во законскиот рок, дадени се насоки и информации.

null

– Приватната конкуренција никогаш досега немала толку густо развиена поштенска мрежа низ државата и толку голем број луѓе не биле ангажирани во доставата. „Тему“ пратките годинава направија вистински бум и ја поттикнаа искусната конкуренција да се проширува и позиционира се поблиску до граѓаните. Но, пазарот се уште бара и има право да очекува подобрување на услугите од сите инволвирани, вклучително и од давателот на универзалната услуга. Постојано сме будни кога се работи за нелојалната конкуренција, односно за дивите даватели. Оваа година Агенцијата спроведе 46 редовни и вонредни надзори, а за некои од нив соработуваше со МВР, Царинската управа, УЈП, Државниот пазарен инспекторат и Државниот институт за труд. Во дел од спроведените надзори беа констатирани одредени прекршоци за што беа изречени соодветни законски глоби, рече директорката на Агенцијата за пошти Марина Тоневска.

Според неа, во европски и светски рамки трендовите за развој на е-трговијата се во нагорна линија, а иста е сликата и во Македонија што се покажува преку зголемениот обем на пакетски услуги кај давателите на слободниот пазар.

– Во првото полугодие од 2025 година работеле вкупно 30 даватели на поштенски услуги, 29 на слободниот пазар и Македонска пошта. Се забележува намалување во однос на 2024-та, но и покрај тоа интересот е постојан – едни си заминуваат, а други доаѓаат што е резултат на понудите од е-трговија, меѓународните платформи и побарувачката, истакна раководителот на Директоратот за следење и анализа на пазарот на поштенски услуги Данијела Спасиќ Томовска.

Се повеќе корисници, беше речено на јавниот состанок, бараат лиценцирани даватели.

Меѓу присутните беа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и директорот на Македонска пошта Орхан Куртиши. 

МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:Зголемен обемоткорисницитепоштенски услугипраткирекламации
Претходен напис Славески: Монетарната политика останува непроменета, се задржува внимателниот пристап
Следен напис Рекордно финансирање од ЕУ за 2026 година за промоцијата на агро-прехранбениот сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?