На крајот на минатиот век, 2020 во ЕУ е прикажана како краен рок да се решат прашањата за развојните цели поврзани за земјоделството и гладувањето во светот. Сепак, моменталната состојба повеќе се покажува како преоден период во кој земјоделството сеуште се прилагодува на новонастанатите ситуации отколку целта до која веќе требаше да дојде.
Според пишувањето на порталот Еуроактив, новите играчи во Европскиот парламент и Комисија, како и новиот седумгодишен буџет на Заедничката земјоделска политика (2021 – 2027) за кој ќе се одлучува, ќе овозможи подобар развој на земјоделството а со тоа се создадат услови за поквалитетно производство кое во краен случај ќе резултира со поголеми приноси.
Последен круг на Заедничката земјоделска политика
Иако постои поголема веројатност дека расправата за следната ЗЗП нема да се заврши до крајот на годината, поголем број на политичари тврдат дека процесот влегол во завршна фаза.
Министри и претставници на ЕУ составуваат конечни детали за своите ставови за парите со кои се располага, попис на прифатливи вложувања и зелена стратегија, пред да влезат во институционални преговори.
Група на држави членки исто така е подготвена да побара укинување на надворешната конвергенција во следната ЗЗП. Концептот е воведен со реформата од 2013 година и имаше за цел да ја намали разликата во просечна поддршка по хектар.
Стратегија од „фарма до вилушка“ за одржлива храна
На пролет оваа година се очекува објава на долгоочекуваната стратегија Farm 2 Fork (“од фарма до вилушка”) која ќе ја координира претседателот на Европскиот зелен договор Франс Тимерманс.
Стратегијата за одржлива храна е клучна компонента на овој договор. Европската храна позната е по тоа што е сигурна и висококвалитетна а со стратегијата би требало да добие и глобален стандард на одржливост.
Една од главните цели е намалување на потрошувачката на пестициди и вештачко ѓубриво но и постепен премин во текот на годините на природни хранливи и заштитни средства.
“ Земјоделството сеуште е главна закана за биолошката различност и природниот капитал на Европа”, вели извршниот директор на Европската агенција за животна средина Ханс Бројнинкс.
Главно мото на стратегијата F2F е воведување на кратки синџири за снабдување со храна. Меѓутоа како што тврди Бројнинкс, тоа генерално доведува до судир со трговската политика која ја водеше Европската комисија и смета дека заради тоа треба уште доста да се работи на стратегијата.
За што подобро таа да се реализира, Комисијата ќе им помогне на потрошувачите во избор на здрави и квалитетни производи а се повеќе ќе се води сметка и за дебелината и храната која доведува до ваквата состојба. Исто така ќе се работи и на детали за етикетирање на производите. Ќе се даваат подобри информации за потекло на храната, нејзината прехранбена вредност и влијание на животната средина.
Предизвици на Зелениот договор
Заштитата на околината и борбата против климатските промени , се клучно ветување на претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лин, кои новата претседателка амбициозно ги најави дека ќе ги реализира во првите 100 дена од мандатот.
Во Гринпис предупредуваат дека на земјоделските мерки на Зелениот договор недостигаат конкретни ограничувања со кои би се спречило производство на месо и млечни производи штетни за животната средина.
Напишете коментар