Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделските од кочанско да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделските од кочанско да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето
Агровести

Земјоделските од кочанско да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето

Објавено 10/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски попладнево направи увид во поплавените земјоделски површини и оствари средба со земјоделците од кочанскиот регион кои претпреа најголеми штети од обилните врнежи.

На средбата беше појаснето дека земјоделските производители треба што поскоро да се поднесат пријави за проценка на штетите, со што ќе се овозможи полесно да се согледаат последиците од поплавите и да се сумира вкупната штета, особено кај градинарските култури.

-Најголема штета од поплавите претпрпе индустриската пиперка која беше пред берба, поради што им укажавме на земјоделците да поднесат пријава до општинската комисија за проценка на штетите. Во истата апликација можат да наведат и евентуална штета во стопанските дворови, односно на складираните земјоделски производи и сточната храна во амбарите и складовите, па дури и на самите објекти. Сето тоа ќе влезе во еден елаборат за да се види целокупната штета, при што укажавме да не се направат одредени грешки, односно сите слабости што ги имаме увидено како претходно искуство да не се повторуваат и работите да течат во правилна насока. Со изработката на таков елаборат, ќе се избегне можноста владината комисија, која е под ингеренции на Министерството за финансии, да ги враќа на дополнување или повторно разгледување доставените пријави од земјоделците. Така целата постапка поефикасно ќе се заврши, а и земјоделците побрзо ќе ја добијат очекуваната помош како обесштетување за претпрената штета, истакна министерот Димковски.

На средбата со жителите од селото Долни Подлог беше нагласено дека најверојатно ќе бидат потребни уште триесетина дена за да се исплатат дополнителните субвенции од три денари за предаден килограм пипер и други индустриски култури, за што Владата треба да донесе ребаланс со кој парите ќе им бидат префрлени на земјоделците.

Министерот Димковски истакна дека не очекува пролонгирање на тој рок, со оглед што Собранието е веќе формирано, а наскоро треба да се формира и новата влада.

MИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:кочанскоподнесување на пријавиПроценка на штетиТрајан Димковскиштети од невреме
Претходен напис (Фото)Ваква зоолошка градина не сте виделе – Погледнете како изгледаат животните направени со повеќе од 30 милиони лего коцки!
Следен напис Сончево време со услови за попладневна изолирана нестабилност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?