Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделските култури засега без последици, штети ќе има ако минусните температури се задржат повеќе денови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделските култури засега без последици, штети ќе има ако минусните температури се задржат повеќе денови
Агровести

Земјоделските култури засега без последици, штети ќе има ако минусните температури се задржат повеќе денови

Објавено 23/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Негативните температури што се спуштија до -18 степени на некои места, се вообичаени за овој период од годината и засега нема да имаат последици врз поледелските култури, овошките и виновата лоза, велат агрометеоролозите од УХМР.

Како што истакнуваат, овошките во овој период од зимата издржуваат до -28 степени, додека виновата лоза до -18 или -20.

-Поважно е колку долго време овие ниски температури ќе се задржат, дали едно деноноќие или подолго време, 5, 10 или 15 дена. Доколку ниските температури се задржат повеќе денови, ќе има штети врз земјоделските култури. Штетите би се појавиле на недоволно созреани папки и кај сорти каде постојат услови за измрзнување. Многу е важна и експозицијата на ниските температури, т.е колку долго овошките биле изложени на негативни температури. Експозицијата е важна и за виновата лоза.

Снегот на планините ги зголемува резервите на вода кои ќе ги подобрат хидролошките услови оваа година.

Според УХМР, до среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:земјоделските културиминусните температурипоследици
Претходен напис Најстудено во Берово и Битола, најмногу снег во Маврови Анови
Следен напис Кај дивите свињи на Шар Планина откриена е болеста африканска чума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?