Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
Агровести

Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата

Објавено 04/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Влажниот бран што ја зафати земјава се очекува да ја подобри состојбата во земјоделството. Поради високите температури кои минатата недела надминуваа 40 степени, сите култури се загрозени и се во фаза на топлотен стрес, велат агрометеоролозите. Топлото време, објаснуваат, предизвика зголемено испарување на водата и од почвата, но и од растенијата (преку транспирација).

-Со намалување на резервите за вода во почвата, доаѓа до појава на суша. Ова го покажува и пресметката на стандардизираниот индекс на суша со кој се оценува метеоролошката суша, а пресметаните вредности покажуваат тендеција од умерена кон јака до екстремна суша. Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, укажуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, овој период е критичен посебно за некои сорти винова лоза кои се во почеток на зреење.

-Повеќето култури, како овошките, се во фаза на берба. Некои сорти, пак, на винова лоза се во фенофаза почеток на зреење – прошарок кај зрната. За време на прошарокот, во зрното се случуваат многу важни морфолошки и физиолошки промени. Во оваа фаза продолжува порастот на зрното, па ако нема доволно влажност остануват ситни. Затоа, во овој период, важно е виновата лоза да биде снабдена со доволно количество на вода. Дестабилизирањето на времето кое се очекува во почетокот на неделава и најавените врнежи дожд, ќе ја подобрат состојбата со влага во почвата. Земјоделските производители може да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, како и со изведување работи во поле, наводнување, уништување на плевели, заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници, редовно следење на посевите и други агротехнички мерки, велат агрометеоролозите од УХМР. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделски културизрноплевелитоплотен стрес
Претходен напис Задутре времен застој на ГП „Делчево“ поради градежни работи
Следен напис Трипуновски: Стотина ловци од Куманово повторно ќе можат да се грижат за одгледувањето и заштитата на дивечот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?