Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Овчеполскиот регион со блокада на експресниот пат Штип-Велес го изразија револтот поради проблемот со наводнување на нивите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Овчеполскиот регион со блокада на експресниот пат Штип-Велес го изразија револтот поради проблемот со наводнување на нивите
Агровести

Земјоделците од Овчеполскиот регион со блокада на експресниот пат Штип-Велес го изразија револтот поради проблемот со наводнување на нивите

Објавено 18/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од Овчеполскиот регион со трактори го блокираа експресниот пат Штип-Велес. Револтирани се што земјоделските култури засеани на нивните ниви се жедни за вода, бидејќи од вчера повторно немаат вода за наводнување од Хиддросистемот „Брегалница“.

Драги Павлов од село Црнлиште вели дека земјоделските површини на кои одгледуваат детелина, бостан, лозја, пиперки, патлиџани се оставени без вода, со што како земјоделци трпат штети и годинава ќе им бидат намалени приносите. Забележува дека околу земјоделците од 15 села во општините Свети Николе и Лозово со децении имаат проблеми со наводнувањето од ХС „Брегалница“, а какошто вели Павлов надлежните од овој систем за наводнување не се придржуваат на планот за рестрикции на водата за наводнување.

-Во каналот за наводнување нема капка вода и овој народ ќе има последици и бараме водата да ни ја пуштат веднаш. Штетите на земјоделските култури се огромни, имаме површини каде што нема ниту капка вода за наводнување, а сите плаќаме воден надоместов, вели Павлов.

Земјоделецот Владо Здравковски се пожали дека со децении е истиот проблем за земјоделците од Овче Поле.

-Се изгоре и веќе е ова срамно за оваа држава. Мицковски да ги слушне земјоделците од овој регион, вели Здравковски.

Земјоделците кои со својата механизација го блокираа експресниот пар Штип-Велес бараат решавање на проблемот со наводнувањето на нивите во Овчеполскиот регион. Во текот на попладневните часови ќе имаат состанок,на кој ќе одлучат на кој начин ќе го изразуваат својот револт. Инаку денеска половина час беше целосно блокиран ескпресниот пат Штип-Велес, по што беше ослободена една колововна лента и сообраќајот го регулираа полициски службеници. Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов вчера за МИА потврди дека водата  е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот регион и се следи планот за наводнување.

-Имаме рестрикции на водата и план за наводнување, изминатиот период во Светиниколско имавме неколку дефекти на системот за наводнување, успеавме да ги решиме, за време на викендот земјоделците имаат вода да ги наводната своите ниви, кои според пријавеното треба да бидат околу 3.000 хектари, вели Богатинов.

Тој посочи дека во моментов водата од системот за наводнување сега се пренасочува кон нивите под ориз во кочанско-виничкиот регион, бидејќи по прскањето на нивите под ориз сега е потребно да бидат наполнети со вода. Богатинов забележа дека станува збор за стар систем, на кого му треба санација, но и долгоречно решение, какошто е изградба на цевковод до селата во Овче Поле, за да нема загуби или кражби на водата за наводнување, а ова регионалната подружница кубури и со стручен кадар.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:блокадаземјоделцитенаводнувањенивитеОвчеполскиот регионпроблемот
Претходен напис Водата од Дојранското Езеро е безбедна за капење
Следен напис Кочански „Водовод“ почна со размена на оризова слама за компост од станицата за пречистување на отпадни води
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?