Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од источниот регион ќе се обучуваат за користење на дигиталната технологија за онлајн продажба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од источниот регион ќе се обучуваат за користење на дигиталната технологија за онлајн продажба
Агровести

Земјоделците од источниот регион ќе се обучуваат за користење на дигиталната технологија за онлајн продажба

Објавено 13/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 120 земјоделски производители од општините од Источниот плански регион ќе се обучуваат за користење на дигиталната опрема и на алатките за електронско работење, преку проект што го спроведува здружението за рурален развој „Јавор” од Зрновци.

Целта на проектот е земјоделците што побрзо и поефикасно да се прилагодат кон новонастанатите пазарни и економски услови на работење предизвикани од пандемијата со коронавирусот.

-Нашите конкретни цели се подобрено и ефективно работење на фармерите преку користење на дигиталната технологија и на ИКТ алатките заради организирање и планирање на онлајн продажба на земјоделските производи и за градење на комуникациски канали до потрошувачите. Исто така, сакаме да обезбедиме директна техничка, материјална и психо-социјална поддршка за идејни решенија за остварување дополнителни приходи во социјално загрозени земјоделски семејства, истакна Жаклина Голчева, претседател на здружението „Јавор”.

Покрај директните обуки на земјоделците, резултат од проектот ќе биде и регистрирањето на десет е-продавници за земјоделски производи, а ќе се креираат и пет веб страници на земјоделски здруженија и задруги. Исто така, ќе бидат поделени 110 наменски пакети на социјално загрозени земјоделски семејства, а ќе се обезбедат репроматеријали за 33 економски најзагрозени земјоделци.

Рокот за реализација на проектот е до крајот на годината, а финансиската поддршка е обезбедена од буџетот на Владата. Од здружението „Јавор” ги повикуваат сите индивидуални земјоделци и земјоделски здруженија од општините од Источниот плански регион да се пријават за соработка и учество во проектот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дигитална технологијаземјоделциисточен регионОнлајн продажба
Претходен напис Домашната винска индустрија трпи огромни штети од Ковид-19 кризата, неопходна е поддршка од државата за да се спречи колапс
Следен напис Димковски: Винариите да имаат коректен однос кон лозарите, најмалку ланската цена на грозјето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?