Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови
Агровести

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови

Објавено 22/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од земјите од Вишеградската група и балтичките републики денеска со трактори тргнаа кон големите градови и кон границите, кои ќе ги блокираат два часа поради зелената политика на Европската унија и неконтролираниот увоз од Украина.

Земјоделците од тие региони протестираат со намера да извршат притисок врз ЕУ да ги исполни барањата што претставниците на аграрот на Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Естонија, Литванија и Латвија минатата недела ги доставија до еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски.

Иако во секоја од земјите конкретните барања до Европската комисија и до националните влади се малку различни, тие заедно бараат да се зголемат компензациите за мерките за заштита на животната средина што Зелениот договор за климатските цели на ЕУ ги принудува земјоделците да ги преземат, за да се намали бирократија, системот за субвенционирање да стане транспарентен, а исто така и поефикасно да се регулира увозот на земјоделски производи од Украина за да не се дестабилизира нивните пазари.

И полската и чешката Влада го изразија своето разбирање за протестите, но чешкиот премиер Петр Фијала предупреди дека едно од барањата што се слушна на протестите во Централна Европа, нивните земји да се повлечат од зелениот договор, едноставно не е можно.

Претходно претставници на украинските и полските власти меѓусебно се заканија со воведување целосно ембарго на земјоделските производи од соседната земја

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:блокираатграницитеЕвропаземјоделците
Претходен напис Казино Вавада игровые автоматы и бонусы для игроков
Следен напис Утре сончево и релативно топло, видендот променливо облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?