Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците го складираа лебното зрно, чекаат подобра откупна цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците го складираа лебното зрно, чекаат подобра откупна цена
Агровести

Земјоделците го складираа лебното зрно, чекаат подобра откупна цена

Објавено 06/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Седумдесет отсто од пченицата е складирана во силосите и амбарите на производителите од источниот регион се проценките на потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој за МИА вели дека жетвата на лебното зрно и на јачменот е завршена, а откупната цена на житните култури е ниска и неисплатлива за да се предаде во млиновите или на трговците, кои бараат за извоз. Посочи дека годинава заради скапата цена на ѓубрето, родот е слаб и во квалитет и во кванитет. Ако пред една година ѓубрето било 600 денари, годинава беше 2200 денари.

-Откупната цена е иста како и во екот на жетвата, јачменот е од 16 до 17 денари и тоа го откупуваат трговци, нашите сточари не можат да ја платат ни таа цена. Пченицата е од 18 до 19 денари, ја откупуваат млиновите, а трговците даваат по 20 денари за извоз. Оваа година е многу лоша, бидејќи имаме многу малку род, имаме 200 до 250 килограми род. Навистина беше многу скапо ѓубрето и земјоделците не можеа сите да фрлат ѓубре, а немаше ниту дождови, вели Серафимов.

Тој додава дека земјоделците од штипскиот и овчеполски регион ја губат битката со храната, поради климатските промени, сушата и руинираниот систем за наводнување. Смета дека ако државата не помогне со субвенционирање, многу од земјоделците ќе се откажат од земјоделство.

-Ние сме секако зависни увозно, меѓутоа ако државата нешто помогне да субвенционира репроматеријали, нафта може да продолжи работата, инаку ќе се откажат многу производители, вели Сарафимов.

Жетвата на житните култури заврши, но се уште не е формирана и производствената цена на лебното зрно, затоа голем дел од производителите и тактизираат, односно не го предаваат својот род во млиновите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жетвакомбајнлебно зрно
Претходен напис Компанијата „АГРОФИЛА“ од Штип склучува договори за откуп на МАСЛОДАЈНА РЕПКА, приклучете се!
Следен напис Разорни последици од сушата во Италија: 332 илјади имоти и фарми се загрозени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?