Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците да ги искористат поволните временски и почвени услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Земјоделците да ги искористат поволните временски и почвени услови
Агропрогноза

Земјоделците да ги искористат поволните временски и почвени услови

Објавено 15/11/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сувото време, без врнежи, е повеќе од добредојдено за земјоделските култури во овој период од годината кога есенската сеидба е во полн ек, а овозможи и продолжување на жетвата на оризот во Кочанско.

Според агрометеоролозите, земјоделците треба да го искористат овој период на оптимални временски и почвени услови.

-Натпросечните температури на воздухот овозможуваат одлично поникнување на веќе посеаното, што навестува успешно навлегување во зимата во услови на презимување во понапредни фази на развој, а последните мерења на влажноста во почвата покажуваат одлични резултати на влага на целиот ораничен профил – оценуваат агрометеоролозите.

И во текот на наредната седмица се очекуваат исти или слични временски услови како во изминатиот период, со повремени врнежи на почетокот на седмицата, што дополнително ќе придонесе за сеидбата.

-Утринските температури треба да се одржуваат позитивни заради облачноста, а дневните да бидат надпросечни за овој период од годината и да достигнуваат вредности и до 15 степени. Оттука, препораката за земјоделците е иста, до максумум да ги искористат и временските и почвените услови, истакнуваат агрометеоролозите.

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:орање
Претходен напис Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро
Следен напис Се менуваат цените на горивата – Дизелот поскапува, ЕУРОСУПЕР поевтинува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?