Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделци од полошко бараат од Општина Гостивар да обезбеди целосен проток на вода низ канал за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделци од полошко бараат од Општина Гостивар да обезбеди целосен проток на вода низ канал за наводнување
Агровести

Земјоделци од полошко бараат од Општина Гостивар да обезбеди целосен проток на вода низ канал за наводнување

Објавено 20/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделци од 14 горнополошки села денес протестираа пред зградата на Општина Гостивар заради градежните интервенции со кои се намали протокот на вода низ еден од каналите за наводнување. На собирот, тие одговорноста ја префрлија на локалната самоуправа која лани во септември, делот на каналот кој минува низ населбата „шеста зона“ го преуреди во улица, а водата од каналот го пренасочи низ цевковод. Тие на протестот побараа во најскоро време да се пушти водата за наводнување во полн капацитет, а ако тоа не се случи најавија радикализација на протестите и блокади на сообраќајници.

Живко Јовановски, земјоделец од селото Теново, во име на собраните земјоделци ја појасни состојбата и проблемите со кои се соочуваат земјоделците кои обработуваат околу 3.600 хектари земјиште. Тој смета дека со покривањето на каналот драстично се намалил капацитетот на проток на вода од 4,1 м3 во секунда на еден кубен метар.

– Бараме под итно надлежните органи и институции да преземат мерки, да го вратат каналот за наводнување во првобитна состојба. Да не се доведеме во ситуација ние напатени земјоделци кои сме вложувале и сè уште вложуваме да ни се кратат правото на живот и егзистенција на нашите семејства и поколенија, рече Јовановски.

Тој како директен виновник го посочи вд градоначалникот Ваљбон Лимани, за кого, како што рече ветил, не го исполнил ветувањето.

– Ако не се отвори каналот, вие и Општина Гостивар ќе бидете директни виновници за несаканите последици што може да настанат од овој проблем. Вие сакате да иницирате конфликт меѓу нас земјоделците и луѓето на кои таму сте им направиле убавини, кога ќе дојде екот на сезоната за наводнување. А, верувајте дека до такво нешто ќе дојде, рече Јовановски.

Тој во името на собраните земјоделци го повикува ОЈО да го испита случајот и да утврди одговорност, бидејќи како што смета со оваа постапка се загрозува егзистенцијата на над 500 семејства во полошкиот регион

Претходно, во јануари, земјоделците имаа протестен собир и бараа од надлежните во подружницата на АД „Водостопанство на РСМ“ да помогнат во изнаоѓање на решение. Оттогаш како што беше кажано на собирот имало неколку средби на кои биле претставници на локалната самоуправа, Министерството за земјоделие и „Водостопанство“ и добиле усни ветувања дека проблемот ќе се надмине.

Од Општина Гостивар за барањата од протестот и за целиот случај најавија соопштение. Претходно во неколку наврати одговорните посочуваа дека за преземените мерки биле насочени пред сè кон обезбедување на поголема сигурност на граѓаните во населбата „шеста зона“.

Каналот кој носи вода од реката Вардар и Шарпланинските водотеци е наменет за наводнување на нивите во Горни Полог (од Гостивар до селото Жеровјане). Тој е изграден во 1964 година и има значително влијание во наводнувањето на нивите во овој дел од земјава. Иако се најавуваа санации, негова последна реконструкција била во 1984 година. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:гостиварЗемјоделцинаводнувањеполошко
Претходен напис Косово го забрани увозот на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
Следен напис Претставници од ЕУ на средба во Платежна агенција на тема ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?