Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здрав како дрен – Во што се состои лековитоста на дренките?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Здрав како дрен – Во што се состои лековитоста на дренките?
Магазин

Здрав како дрен – Во што се состои лековитоста на дренките?

Објавено 21/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кај нас секој знае дека дренот е многу лековито растение поради изреката „Здрав како дрен!“, но ова растение е многу повеќе од тоа.

Освен што плодовите се јадат, дренот е медоносно и украсно растение, многу цврсто дрво отпорно на болести и штетници. Затоа постои изреката „Тврдо како дрен!“, а дрвото се користело за правење ками, копја, стапови, разни алатки и слично.

Подготовките од дренки се најпознати како природно средство кое помага при болести на грлото, бубрезите, анемија, дијареа, треска, рани, хемороиди, менструални болки, висок шеќер во крвта, вишок вода во организмот и ослабен имунитет.

Дренката најчесто се користи како лек за долготрајна дијареа бидејќи благодарение на танинот благотворно делува на подобра работа и подвижност на цревата, како и за опоравување и заздравување во случај на инфекција.

Редовното консумирање ја подобрува функцијата на црниот дроб и бубрезите. Сокот од дренка е одличен за закрепнување на дехидриран организам и за третман на анемија и слабокрвност. Корисен е за детоксикација, исфрлање на вишокот вода, при цревни заболувања, намалување на температурата, дијареа и повраќање и зајакнување на имунолошкиот систем.

Чајот од дренка помага при треска, болки во грлото, анемија, слаб имунитет и чистење на организмот. Тинктурата помага при болки во грлото, анемија, бубрежни заболувања, дијареа, хемороиди и дијабетес. Облогите се корисни за побрзо зараснување на раните, егзема, осип и инфекции на кожата. Кората се користи против температура и крварење. Благиот чај од суви цветови се користи за лекување на дијареа кај децата и други дигестивни нарушувања со дијареа. Листовите може да се користат за истата намена како и кората и плодовите.

Кога дренките целосно ќе созреат и омекнат, ќе станат темноцрвени и ќе паднат сами од себе, може да се јадат како свежо овошје. Од дренките може да се направи џем, мармалад, компот, сок, десерти, вино, ракија и други препарати.

Може да ви се допадне

Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Ориз со пилешко и зеленчук
Бомбици од сирење
Ликер од зелени ореви
Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Таг:дрендренка
Претходен напис Ноември 2021 година потопол и посув месец во споредба со просечните вредности
Следен напис Вучиќ: Земјоделството меѓу најважните области за соработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?