Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши сеидбата на оризот во Кочанско на планираните 3.500 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши сеидбата на оризот во Кочанско на планираните 3.500 хектари
Агровести

Заврши сеидбата на оризот во Кочанско на планираните 3.500 хектари

Објавено 08/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Планот за сеидба на оризот во Кочанско е реализиран во целост и со главната земјоделска култура во регионот се опфатени околу 3.500 хектари.

Реализацијата на сеидбената кампања беше продолжена за десетина дена поради доцнењето во подготовката на површините во атарите на селата Чешиново, Спанчево и Соколарци.

Полнењето на нивите со вода, што почна во средината на април, се одвиваше без проблеми, а во каналската мрежа на хидросистемот „Брегалница“ се пуштаа просечно по околу десет кубни метри во секунда.

– Сезоната за наводнување ја почнавме со недостиг од околу 20 отсто од потребните количини вода, но обилните дождови кон крајот на април и почетокот на мај ја подобрија хидролошката состојба и ја наполнија браната Калиманци. Дотокот од реките е над просекот за овој период од годината, што значително го надомести недостигот. Пред неколку дена водата ја достигна максималната кота и беше на прелив, а во моментот се акумулирани над 113 милиони кубни метри. Со овие количини, како и со добра организација од наша страна и домаќинско однесување на водокорисниците, очекуваме сезоната за наводнување да се реализира според планот, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани.

Од водостопанската подружница нагласија дека и покрај максималното ниво на акумулирана вода во Калиманци, распределбата ќе се врши крајно економично за да се обезбеди наводнување во текот на летниот период за полињата во кочанскиот, пробиштипскиот и светиниколскиот регион.

Според просечните приноси од единица површина се очекува од полињата во кочанскиот регион годинава да се добијат над 25 илјади тони оризова арпа. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Кочанскооризсеидба
Претходен напис Како розите помагаат во борбата против пепелницата во лозјата?
Следен напис Нега на тиквичките во текот на вегетацијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?