Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши реставрацијата на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Заврши реставрацијата на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец
Магазин

Заврши реставрацијата на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец

Објавено 24/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заврши реставрацијата на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, што се одвиваше под надзор на Регионалната дирекција за културно наследство од Корча.

– Уште едно исполнето ветување за заедницата на Преспа и културното наследство благодарение на работата на Општина Пустец и партнерите. Заврши процесот на реставрација на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град. На виделина излегоа дел од извонредните византиски фрески, а беше поставен надворешна врата изработена според оригиналната која се наоѓа во музејот на средновековната уметност во Корча, објави Пали Колефски градоначалник на Пустец.

Исто така санирана е и патеката до неа и поставено осветлување со што се добива „прекрасен панорамски поглед и ги евидентира уметничките и архитектонските вредности на објектот“.

– Проектот кој е продолжение на проектот „SmartCulTour“е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, со ангажман на општините Битола и Пустец, Дирекцијата на музеите на Битола, Регионалната дирекција за културно наследство Корча и Младинскиот културен центар – Битола. Оваа соработка ја подигна на ново ниво релацијата меѓу нашите институции и држави, посочува Колефски.

Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Врз основа на записите сочувани на неа, оваа црква претрпела три измени. Во првиот натпис пишува дека основач на црквата е Бојко

со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија.

Третиот натпис датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил.

Островот Мал Град се наоѓа на три километри североисточно од Пустец, на југоисточниот брег на Преспанското Езеро.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Мал Градпештерската цркваПустецреставрацијатаСвета Богородица
Претходен напис Совети за одгледување насад со ФСТАЦИ
Следен напис Деновиве УЈП ќе пушти пари за Мој ДДВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?