Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши 19. Меѓународен фолкорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши 19. Меѓународен фолкорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка
Агровести

Заврши 19. Меѓународен фолкорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка

Објавено 23/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со звукот на тапаните што одекна низ целиот град, предводејќи го дефилето низ централната улица и спектакуларен огномет на крајот од програмата, во Крива Паланка синоќа беше затворено годинашното, деветнаесетто издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”.

-Во двочасовната сценска изведба на играорците на сцената се нижеа традиција и фолклор низ танците, ората и носиите – бит сочуван како идентитетска посебност на петте земји учеснички: Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Турција и Северна Македонија. Во трите фестивалски вечери на сцената на централниот градски плоштад во Крива Паланка продефилираа над 700 учесници од 18 фолклорни друштва и ансамбли од земјава и странство, велат организаторите од НУ Центар за култура Крива Паланка и Општина Крива Паланка.

Богатата програма продолжи со одличната интерпретација на Елена Андоновска, која извонредно ги отпеа познатите народни рефрени заедно со „Седенка” и ја расположи публиката што уживаше со програмата на „Крива Паланка – Град на културата” и „Кривопаланечко културно лето”.

Третата празнична вечер во градот пулсираше во ритамот на „Шопско село 2024″ во чиишто рамки за првпат годинава се одржува и „Фестивал на занаети и ракотворби” како и вториот „Фестивал на храна”.

„Шопско село” трае до недела, 25 август, додека денес и утре на културната програма во Општина Крива Паланка е 11 фестивал на забавна музика „Џојфест”, каде што главни ѕвезди се Суперхикс кои вечерва ќе настапат пред паланчани и утревечер настапува Калиопи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЗавршиКрива ПаланкаСв.Јоаким Осоговскифолкорен фестивал
Претходен напис Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци 
Следен напис Висока опасност од пожари во одредени делови на Грција, надлежниот министер повикува на зголемена внимателност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?