Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на виновата лоза од болести и штетници во фенофаза на прошарок и зреење на грозјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Заштита на виновата лоза од болести и штетници во фенофаза на прошарок и зреење на грозјето
Совети

Заштита на виновата лоза од болести и штетници во фенофаза на прошарок и зреење на грозјето

Објавено 05/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Виновата лоза е веќе во фенофаза на прошарок, додека некои од трпезните сорти на грозје се во фенофаза на зреење. Во оваа фенофаза грозјето е исклучително осетливо на инфекции од причинителот на сиво гниење Botrytis cinerea.

За сузбивање на оваа болест неопходна е примена на соодветни фунгициди. За таа цел, препорака на ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ е употреба на еден од фунгицидите кои ефикасно ја контролираат оваа болест, и тоа AVALON (pirimetanil) 2,5 L/ha, SIGNUM 33 WG (pyraclostrobin + boscalid) 1 kg/ha или новиот фунгицид ZENBY (isofetamid) 1,5 L/ha. Фунгицидите SIGNUM 33 WG и ZENBY покрај сивото гниење го сузбиваат и причинителот на пепелница, и исто така ја зголемуваат цврстината на зрната. Виновата лоза е осетлива на инфекции од причинителот на пепелница од самиот почеток на вегeтaцијата па се до крајот на вегетацијата, односно сите зелени делови се осетливи на инфекција до самиот крај на вегетацијата. Затоа за контрола на оваа болесет неопходна е примена на фунгициди и во фенофаза на прошарок и зреење на грозјето, почитувајќи  ја каренцата на фунгиците кои се користат во послените третирања. За контрола на оваа болест во оваа фенофаза го препорачуваме фунгицидот EMINENT 125 МЕ (tetraconazole) 0,25 L/ha, кој има каренца од 14 дена. За сузбивање на причинителот на пламеница препорачуваме еден од фунгицидите FUNGURAN OH (bakar hydroxide) 3 kg/ha или COPERNICO HI BIO (bakar hydrxide) 2,5 kg/ha.

Од штетните инсекти во оваа фенофаза од најголемо значење е третата генерација на сивиот гроздов молец, која е најштетна за гроздовите. За сузбивање на гроздовиот молец го препорачуваме инсектицидот RADIANT 120 SC (spinetoram) 0,3 L/ha кој се одликува со брза ларвицидна активност и има каренца од 7 дена, или CORAGEN 20 SC (chloranthraniliprol) 0,2 L/ha кој делува на јајцата и ларвите на гроздовиот молец, и има каренца од 3 дена за трпезните сорти на грозје.

За зголемување на цврстината на зрната од гроздовите како и за продолжување на рокот на траење на плодовите го препорачуваме биостимулаторот FOLICAL. Во својот состав содржи екстракт од морската алга Ascophyllum nodosum и CaO калциум оксид 15%. FOLICAL може да се меша со фунгициди и инсектициди.

Подготвил: м-р Васко Манев
ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:винова лозазаштитахемомак
Претходен напис Следуваат чести врнежи и грмежи, и можност од локални поплавувања
Следен напис Земјоделците во Прилепско да не поставуваат системи за наводнување кај делекуводите, предупреди МЕПСО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?