Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Засеани рекордни површини под пченица во Србија во последните седум години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Засеани рекордни површини под пченица во Србија во последните седум години
Агровест

Засеани рекордни површини под пченица во Србија во последните седум години

Објавено 28/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Србија се засеани рекордни површини под пченица во последните седум години! Лебното зрно е посеано есеноска на повеќе од 725.000 хектари, што е зголемување за 16 отсто во однос на минатата година. Поради сушењето на површинскиот слој на почвата, пченицата нерамномерно никнува на парцелите, пишува RTS.

„Можеме да кажеме дека условите за никнување беа поволни во однос на температурата, но не и во однос на влагата во семенскиот слој. ‘Ртењето и никнувањето следеа многу брзо по сеидбата, но многу нерамномерно и нецелосно. Врнежите во моментов се од голема корист за понатамошниот раст и развој на засеаните зимски посеви. Ќе овозможат зрната што не никнале да никнат и стрништата да имаат доволно влага за понатамошен раст и развој“, објаснува Зорица Рајачиќ од Земјоделската стручна служба на Зрењанин за RTS.

Покрај тоа, речиси сите региони на земјата се појавиле лисни вошки и цикади, па многу производители морале да ги заштитат растенијата со инсектициди, што не е вообичаено за овој период од годината. Ова го потврдуваат и Службата за прогнозирање и известување на југот на Србија во Врање.

Со визуелна проверка на зимските позеви на јачмен на повеќе локации е забележано присуство на мрежеста пегавост на јачменот (Pyrenophora teres) на три до четири проценти од растенијата.

Проверките на посевите откриле присуство на цикада (Cicadelidae) на еден до два проценти од растенијата и на растителни вошки (Aphididae) на шест до осум проценти од растенијата, а се очекува намалување на нивниот број и активност поради претстојните ниски температури.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
Таг:пќеницапченицасрбија
Претходен напис (ВИДЕО) Како сами да направите систем за наводнување капка по капка со рециклирани пластични шишиња
Следен напис Поевтинуваат бензините и дизелот – Ова се новите цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?