Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Засадени 5.000 дрвца во регионот на Свети Николе
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Засадени 5.000 дрвца во регионот на Свети Николе
Шумарство и водостопанство

Засадени 5.000 дрвца во регионот на Свети Николе

Објавено 08/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вработените на Комерцијална банка АД Скопје засадија нови 5000 дрвца во регионот на Свети Николе, во близина на селото Орел. Акцијата за пошумување се одржа во саботата, а беше организирана од Балкан Прајм, агенцијата која на македонската јавност и е позната по платформата за патување Кајак.мк. Ваквите акции на кои може да учествуваат сите домашни и странски компании се дирекно поддржани од јавното претпријатие „Национални шуми“.

Александар Илиќ, кој е претседател на Синдикалната организација при Комерцијална банка, вели дека ваквите настани треба да бидат традиција која ќе се почитува секоја година. Според него, со пошумувањето се разубавува изгледот на регионот, а од друга страна пак ваквите акции обезбедуваат здрава иднина на сегашните и идните генерации. Александар вели дека со ова сакаат да ги мотивираат и другите компании да се вклучат на ваков тип на тим-билдинзи кои се општествено корисни за цела нација.

Ваквите акции за пошумување се доста актуелни изминатот период. Доколку погледнете на Кајак.мк, ќе забележите дека сѐ повеќе компании се одлучуваат да реализираат тим билдинг патувања преку кои своите вработени ќе засадат дрвце како дел од битката против глобалното затоплување и сушата.

Фото: Кајак.мк

Идејата за организирање на вакви еко тим билдинг патувања за домашни и странски компании, доаѓа непосредно по пожарите кои зафатија огромни површини шума во текот на летниот период. Организаторите велат дека ваквите настани, имаат позитивно значење врз туристичкиот сектор и животната средина.

„На тим-билдинг настаните кои ги организираме, го ангажираме локалното население да има своја активна улога. Секој поединец кој дирекно или индиректно е вклучен во туристизмот за нас е локален херој кој прави мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот и заслужува да биде поддржан од наша страна“, вели Ленче Андоновска и додава дека тоа ги прави нивните тим-билдинг настани поразлични.

Според неа, ова е новата ера на тим билдинг патувањата кои се организираат преку Кајак.мк. Причината поради која компаниите се одлучуваат да се препуштат на нивна организација е свесноста на самата компанија дека ќе даде поддршка на повеќе сектори и ќе го мотивира локалното население во регионот каде што се одржува настанот да се вложи во својот занает, професија или животна пасија.

„Ние како млади и амбициозни туристички работници се одлучивме да им дадеме поддршка на сите млади и стари, нови и познати локални мештани кои целиот свој живот го заработувале лебот од туризмот“, вели Лечне Андоновска. „Од друга страна пак, со самите акции за пошумување сметаме дека имаме двострана добитна комбинација, како за природата така и за приватниот сектор“, додава таа.

Ваквите настани ќе продолжат да се спроведуваат во месеците кога може да се реализира ефикасно пошумување, а организаторите ги покануваат компаниите да се вклучат на нивното еко семејство и да бидат дел од листата на Кајак.мк како компании херои кои дале поддршка на локалното население и на екологијата.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Кумановската подружница на „Македонски шуми“ произведе садници за пошумување низ државата
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:пошумувањесвети николе
Претходен напис Подгответе го возилото за возење во зимски услови! Доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози
Следен напис Водостојот на Вардар кај Велес понизок за десет сантиметри
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?