Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започнува серијал од вински настани со дегустации на македонски вина и храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започнува серијал од вински настани со дегустации на македонски вина и храна
Агровести

Започнува серијал од вински настани со дегустации на македонски вина и храна

Последна измена: 12/09/2023 07:59
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

 Во винскиот бар и ресторан The House Скопје денеска ќе се одржи првиот ВИНОПЕДИА вински настан на кој гостите и винските ентузијасти од 12:00 до 22:00 часот ќе можат да дегустираат македонски вина од различни реколти и винарии во комбинација со македонски млечни и сувомеснати производи, закуски и специјалитети од храна.

Целта на настанот е да се запознае пошироката јавност со институциите и тимот кои ја подготвуваат македонската винска енциклопедија – ВИНОПЕДИА.

-ВИНОПЕДИА претставува прв и единствен во моментов активен проект за создавање на македонска винска енциклопедија на македонски и англиски јазик кој претставува референтен извор на информации за винската индустрија и култура во Македонија и македонските територии на Балканот. ВИНОПЕДИА на едно место ги документира, архивира и промовира богатството на винската култура и традиција низ историјата на Македонија и македонската територија, обезбедувајќи консолидација и унифицираност на архивски, археолошки и други достапни историски и актуелни информации со детален опис на различни аспекти на винската индустрија од сорти на винова лоза до начини на одгледување, преку различни нивоа на производствени процеси за вино до начини, традиции и адети на консумирање на вино, вели Здравко Јосифовски од ВИНОПЕДИА.

ВИНОПЕДИА винските дегустации и настани со различни приказни ќе се одвиваат секој вторник до крајот на годината.

МИА

Може да ви се допадне

Трипуновски од Прилеп: Дефектот на водоводната цевка ќе биде саниран во најбрз можен рок
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Таг:винавински настанидегустациисеријалхрана
Претходен напис Сончево и топло до 33 степени
Следен напис ЦУК: Активни пет пожари 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?