Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започнува медиумската кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започнува медиумската кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“
Агровести

Започнува медиумската кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“

Објавено 19/12/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија од денеска, започнува со медиумската кампања која има за цел да ја информира јавноста за конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија. Исто така кампањата ќе овозможи и подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности.

Под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“, Владата на Република Северна Македонија преку панел дискусии, информативни видео спотови, видео анимации, билборди и дигитална содржина наменета за социјалните медиуми ќе обезбеди информации за граѓаните кои се однесуваат на предностите пред сѐ од евроинтеграцискиот процес на земјата, но и крајно од членството во ЕУ.      

Кампањата е фокусирана на пет области, односно економија, со која и започнува медиумската кампања, а понатаму следуваат и земјоделство, животна средина и ресурси, демократија и владеење на правото и млади. Со тоа кампањата се фокусира на промените постигнати со европска поддршка, а во процесот на спроведување на реформите и постигнувањето на европските стандарди. Кампањата ја посочува досегашната позитивна трансформација на економскиот, социјалниот и општествениот живот во земјата и ќе придонесе кон подобро разбирање на реформите кои ќе овозможат понатамошен развој на државата по европски стандарди и градење на европска иднина, дома.

Владата на Република Северна Македонија е посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Со поддршка од Европската Унија, Владата досега има спроведено голем број на проекти во конкретните области кои директно се наменети за подобрување на животот на граѓаните. Поддршка на земјоделството преку ИПАРД програмите, вложувањата во одржлива и зелена енергија, можностите за младите да се стекнат со европски знаења и искуство преку програмите за мобилност се само дел од придобивките од евроинтеграцискиот процес.

Кампањата воедно ќе ги претстави и можностите што ќе се отворат за земјата по нејзиното пристапување во Европската Унија. Со членството во ЕУ, Северна Македонија ќе добие поголем пристап до ЕУ фондовите и пристап до европскиот пазар, што е од суштинска важност за домашната економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Анализите покажуваат дека средствата од европските фондови се за 11 пати поголеми за една земја членка од средствата достапни за земјите кандидати.

Евроинтеграциите и членството во ЕУ не носат само економски придобивки. Тие пред сѐ носат и развој на демократијата, како и подобра заштита на човековите права и слободи. Преку процесот на европеизација, јакнат институциите, се подобруваат услугите за граѓаните, а младите и граѓанското општество активно учествуваат во креирањето на политиките за подобра европска иднина. Интеграцијата во ЕУ значи и подобрувања во областа на владеење на правото што резултира крајно со ефективна правда. Интеграцијата значи и поголем фокус на обновливи извори на енергија и воедно подобрување на стандардите и квалитетот на воздухот, водата и почвата и уште многу позитивни промени за сите.

Кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“ ги нагласува посветените напори на Владата на Република Северна Македонија кон европската интеграција и кон подобрување на животот на граѓаните по европски стандарди. Кампањата, преку подигање на свесноста, обезбедување на точни и прецизни информации и подобрување на разбирањето на реформските процеси, придонесува кон градење на широка поддршка за остварувањето на стратешката цел, членството на Северна Македонија во Европската Унија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еуземјоделствоКампања
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари
Следен напис Сончево со температура до 13 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?