Со големо задоволство денеска заедно со В.Д. Валбон Лимани, општински советник Зулфи Адеми, одговоривме на поканата да ја посетиме плантажата за одгледување лешник на семејството Јусуфи од Гостивар – информира на Фејсбук заменик министерот за земјоделство Флакрон Беџети.

Целосно приватна инвестиција на ова семејство, без користење на никаква субвенција и помош од надлежните органи.

Овој овоштарник со систем за наводнување, со близу 1.600 садници, на површина од 40.000 м2, кои произведуваат од 7.000 до 10.000 кг лешник годишно изгледа како успешна приказна што треба да биде пример за секој земјоделец во нашата земја.

Ги информирав за мерките што ги нуди Министерството за земјоделство, за поддршка на оваа активност и за програмите финансирани од ИПАРД програмата и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Ги повикав да ги следат мерките, јавни објави и да аплицираат за машини за понатамошен развој на оваа активност.

Фејсбук статус на Флакрон Беџети – Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
