Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Закрепнува царскиот орел што го спасија кочанските пожарникари, ќе биде вратен на Осоговските Планини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Закрепнува царскиот орел што го спасија кочанските пожарникари, ќе биде вратен на Осоговските Планини
Агровести

Закрепнува царскиот орел што го спасија кочанските пожарникари, ќе биде вратен на Осоговските Планини

Последна измена: 07/08/2024 12:36
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Брзо закрепнува повредениот и истоштен царски орел што пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани го однесоа во Зооолошката градина во Скопје, откако пред два дена го спасија од кров на викендичка на Пониква.

Птицата веќе почнала самостојно да зема храна и вода, со што се очекува за кратко време нејзината здравствена состојба да се подобри за да може да се врати во своето природно живеалиште.

Веднаш по спасувањето од громобранската инсталација, во која бил заплеткана птицата, во Кочани таа ја доби потребната интервенција од ветеринар. Потоа, беше транспортирана во Скопје, по претходен договор со Македонското еколошко друштво, чии членови повеќе години работеа на истражување на животинскито и растителниот свет на Осоговските Планини и по чија иницијатива тие добија статус
на заштитен предел.

Царскиот орел припаѓа на групата загрозени видови птици и се проценува дека во Македонија има само десетина двојки. Едно од неговите природни живеалишта е во околината на локалитетот Раткова Скала на Осоговските Планини. Поради пожарите кај селото Зеленград, кое е во непосредна близина на локалитетот, птицата била повредена, дезориентирана и не можела да се врати во своето гнездо.

Од ДПД – Кочани информираа дека по соодветното згрижување и целосното заздравување, орелот ќе биде пуштен во Осоговијата.

МИА

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
Таг:ЗакрепнуваОсоговските Планинипожарникарицарскиот орел
Претходен напис И мачките тагуваат кога ќе изгубат „пријател“
Следен напис Утре во Кочани ќе се спроведе третата фаза од третманот против комарците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?