Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Законските измени за ред во подземната инфраструктура поддржани од матичната собраниска комисија 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Законските измени за ред во подземната инфраструктура поддржани од матичната собраниска комисија 
Агровести

Законските измени за ред во подземната инфраструктура поддржани од матичната собраниска комисија 

Објавено 05/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предлог законите за изменување на Законот за градење и на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, денеска добија поддршка од матичната собраниска комисија која без расправа ги проследи во натамошна собраниска процедура откако констатираше дека не се поднесени амандмани. 

Според предлагачот, Министерството за транспорт, со измените на Законот за градежното земјиште ќе се воспостави ред во линиската подземна инфраструктура (оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациски системи, гасоводни мрежи, нафотводи итн.) и првпат ќе се овозможи нивно впишување во евиденцијата во катастарот на инфраструктурни градби во Агенцијата на катастарот за недвижностите. 

Целта е да се има јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата заради соодветно и рационално планирање нови градби од тој тип.

Со измените се овозможува и општините да може да располагаат со градежното земјиште предвидено со урбанистички план за технолошко-индустриските зони а во насока на  економски развој и можност за домашните компании полесно да ги реализраат своите инвестициски планови. 

Предложените измени на Законот за градењето, пак, предвидуваат подобрување на условите за регулирање на имотно-правниот статус на базните станици на телекомуникациските компании, а преку тоа и поквалитетни и поефикасни телекомуникациски услуги за граѓаните.

– Дополнително, со измените во Законот за градењето се подигнува нивото на квалитет на технички преглед на градбите од прва категорија преку зголемување на критеруимите за формирање комисија за технички преглед и професионален пристап за спроведување на техничките прегледи на градбите од прва категорија, велат од Министерството за транспорт. 

МИА

Може да ви се допадне

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Таг:Законските измениматичната собраниска комисијаподземната инфраструктура
Претходен напис Нафтата поскапе по веста за уништен ирански брод, пазарот стравува од ескалација
Следен напис Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?