Украина ги повикува земјите од Обединетите нации да извршат притисок врз Русија и да ја спречат да го блокира продолжувањето на иницијативата за извоз на житарки преку Црното Море, изјави шефот на украинското Министерство за надворешни работи, Дмитро Кулеба, за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН.
Тој вели дека извозот е под закана и дека руските власти ја загрозуваат ефикасноста на коридорот. Стравува дека би можеле да го блокираат продолжувањето на договорот по истекот на рокот од 120 дена.
„Не можеме да дозволиме Русија да ги продолжи овие „игри со глад“ со целиот свет“, рече министерот.
Тој ги повика сите земји, особено оние кои зависат од украинскиот извоз на храна, да извршат максимален јавен и дипломатски притисок врз Москва за да го задржи коридорот за житарки во Црното Море отворен и по ноември, бидејќи првите бродови од украинските пристаништа тргнаа на 22 јули.
.@ZelenskyyUa: "Any state that provokes famine, that tries to make access to food a privilege – such a state must get the toughest reaction from the world".https://t.co/KSr794Ejkx#Ukraine4FoodSecuruty Stop #RussiaFamineGames pic.twitter.com/2v69gYaXcP
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) September 21, 2022
На својот профил на Твитер го цитираа и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, покрај графикон кој ја покажува количината на земјоделски производи што таа земја ги извезува во целиот свет.
„Секоја држава што предизвикува глад, која се обидува да го направи пристапот до храна привилегија – таквата држава мора да ја добие најсилната реакција во светот.“
Вчера, 22 септември, четвртиот брод со украински земјоделски производи, ангажиран од агенцијата на ОН Светска програма за храна, го напушти пристаништето во Одеса со 30.000 тони пченица, пренесува APK.
Предвидено е бродот да пристигне во едно од пристаништата во Пакистан, каде што пченицата ќе биде истоварена и доставена до граѓаните на Авганистан, кои моментално страдаат од прехранбена криза.
