Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Загрижувачка контаминацијата со афлатоксин во пченката во Централна и Источна Европа – Дали за тоа е виновна сушата?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Загрижувачка контаминацијата со афлатоксин во пченката во Централна и Источна Европа – Дали за тоа е виновна сушата?
Агровести

Загрижувачка контаминацијата со афлатоксин во пченката во Централна и Источна Европа – Дали за тоа е виновна сушата?

Објавено 04/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Долготрајните суши, ненадејните поројни поплави и највисоките забележани просечни летни температури оваа година значително влијаеја на приносот и квалитетот на посевите низ Европа, објави компанијата Alltech во своите први резултати за квалитетот на посевите и ризикот од микотоксини, пренесува feednavigator.

Според извештаите, родот на пченица во Франција е намален за 20 отсто, додека производителите на пченка во долината на реката По во Италија гледале како нивните посеви венеат за време на најголемата суша во регионот во последните 70 години.

Анализите се во тек – какви се досегашните резултати?

„Бидејќи европската жетва на пченица и јачмен годинава заврши порано, лабораторијата за анализа на микотоксини 37+® на Alltech во Данбојн, Ирска, тестира примероци што пристигнуваат секоја недела“, објаснуваат тие.

Досега тестираните примероци од пченица и јачмен содржат во просек 3,6 микотоксини, додека кај 97 отсто од нив биле откриени два или повеќе.

„Најчесто се пронајдени трихотецени од типот А и тип Б, нови групи микотоксини и ергот токсин. Тие преовладуваат во споменатите култури“, наведуваат од Alltech, додавајќи дека најголема концентрација на ергот алкалоиди (2.891 ppb) е пронајдена во јачменот од Германија.

Сламата сè уште претставува поголем ризик

Според компанијата, во Данска продолжува пообемното тестирање на сламата бидејќи ризикот поврзан со овој вид сточна храна станува сè поизразен.

Според резултатите од анализата, над 55 проценти од примероците се сметаат за примероци со поголем ризик врз основа на еквивалентот на ризик на Alltech (REQ).

„Во соработка со SGS добивме прелиминарни показатели за квалитетот на пченката од Југоисточна Европа“, забележуваат од компанијата.

Првичните резултати укажуваат дека контаминацијата со афлатоксин е загрижувачка, веројатно поради долгите сушни периоди, наведуваат од компанијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:афлатоксинконтаминацијапченка
Претходен напис Ковачевски: Со новата технологија на „АКИО Енерџи“ на земјиштето во Штип ќе може да се произведуваат земјоделски култури
Следен напис Германија ги заострува правилата за транспорт на животни – Се воведуваат рестрикции за транспорт на живи животни во земји надвор од ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?