Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Земјоделци, продолжете со обработка на нивите, ни треба храна за граѓаните!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Земјоделци, продолжете со обработка на нивите, ни треба храна за граѓаните!
Агровести

Заев: Земјоделци, продолжете со обработка на нивите, ни треба храна за граѓаните!

Објавено 22/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на која се претставија пакет економските мерки кои ќе се достават до Владата на разгледување и усвојување, се потенцираше и важноста на земјоделското производство и земјоделците.

– Сакам да упатам посебен апел до нашите земјоделци кои се наоѓаат на почеток на новата сезона и да ги охрабрам да си продолжат со работата. да ги насеат или насадат нивите. Како никогаш до сега е јасно колку е важно домашното производство на храна. Тоа за една држава и нејзините граѓани е најсигурно и најефтино. Ние како Влада сме свесни за ова и затоа земјоделското производство доби стратешко место во носењето на мерките и средствата од буџетот кои се одвојуваат за негов развој. До сега исплативме близу 400 милиони евра директна поддршка за нашиот аграр, инвестиравме во системи за наводнување, обезбедивме зелена нафта, државна земјоделска земја добија голем број на земјоделци и сточари, се носеа мерки кои значеа стабилизирање на состојбата во аграрот, станавме лидери во искористеност на ИПАРД фондовите…ние покажавме грижа за домашното производство на храна – рече Заев и додаде дека рогласувањето на вонредна состојба во државата за сите граѓани е нова ситуација која е наметната од светската криза со корона висрусот, но ве уверувам дека место за загриженост нема.

-Фирмите -дистрибутери имаат доволно репроматеријали, семенски материјал, средства за заштита и прихрана, има гориво и воопшто се што е потребно за навреме да ги извршуваате сите агротехнички мерки. Ваше е само да ги почитувате мерките на Владата околу превентивата и да продолжите да ја произведувате храната на нашите граѓани. Владата и сите други институции од областа на агросекторот се посветени да ги имате сите услови непречено да произведувате – порача Заев.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:агротехничкадистрибутеризаевмеркифирми
Претходен напис Славчо Поповски: Предупредување до земјоделците за опасност од мраз
Следен напис Повторно поевтинуваат горивата, објавен новиот ценовник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?