Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Успесите на компаниите се сатисфакција за владините мерки, економскиот развој на Ресен го заживува преспанскиот регион, кој е голем туристички потенцијал (Видео)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Успесите на компаниите се сатисфакција за владините мерки, економскиот развој на Ресен го заживува преспанскиот регион, кој е голем туристички потенцијал (Видео)
Агровести

Заев: Успесите на компаниите се сатисфакција за владините мерки, економскиот развој на Ресен го заживува преспанскиот регион, кој е голем туристички потенцијал (Видео)

Објавено 19/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски вчера ја посетија фабриката „Свислион“ во Ресен.

Во продолжение, интегралниот текст на изјавата на премиерот Заев дадена по обиколката на фабриката, каде беше пречекан од генералниот директор Александар Јањиќ:

„За мене е особено драго кога сум во посета на успешни економски приказни, како што е фабриката „Свислион“, тука во Ресен.

Имав можност да видам како тука се работи и да слушнам кои се ефектите, кои оваа фабрика ги има врз економскиот развој на Ресен, но и пошироко на Преспа.

Оваа фабрика денес има 292 вработени, тука во Ресен, а на ниво на цела држава вкупно 600 работници.  Мене ме радува, што тука нема да се застане и оваа фабрика само ќе расте во иднина.

Покрај тоа што со раководството ја делиме желбата за зголемување на бројот на работни места и со тоа поддршка на граѓаните од овој регион, ја делиме и желбата да го заживееме повторно овој преспански регион и да го вратиме стариот сјај.

Ние, тоа како Влада го правиме со повеќе различни проекти, а од разговорите со директорот Јањиќ, се уверив дека и тие како општествено одговорна компанија имаат план да помогнат и придонесат кон зајакнување на туристичката понуда на Преспа.

Ова е секако во согласност со Владиниот акциски план за ревитализација на Преспанското Езеро, кој во третата фаза предвидува адаптирање на скапоцените туристички потенцијали и нивна соодветна презентација како туристичка понуда.

Брендирањето на производите кои Ресен и Преспа ги нудат, афирмацијата на нашиот но и на странските пазари, придонесува понатаму и кон развој на овој регион, нивна препознатливост во светот.
Менаџментот на „Свислион“ ме информираше дека во наредниот период се предвидуваат и поинтензивни инвестиции во земјоделската дејност на компанијата, во висина од околу 2.700.000 евра. 
Фокусот на овие инвестиции е на реконструкција и опремување на ладилник, за набавка на комплетна линија за класирање и пакување на свежо овошје, за системи против замрзнување, градобијни мрежи и опрема за сушено овошје. Со тоа ќе се постигне уште поголема ефикасност на капацитетите на фабриката, а овоштарите ќе добијат уште подоверлив и сигурен партнер во оваа компанија.
Уште еднаш, на „Свислион“ им честитам на успесите и им посакувам натамошен развој, кој секако ќе влијае позитивно и на развојот на Преспанскиот регион“. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:„Свислион“Живко Гошаревскизоран заевРесен
Претходен напис Tутунарите добија гаранција за нивните барања: Постигнат договор за подобрување на состојбата со откупот на тутун, потпишан од сите
Следен напис Викенд метео анализа -продолжува периодот на стабилно и суво време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?