Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев со земјоделци од Гази Баба и Арачиново: Обештетување на необештетените од невремето во 2016 и 2018
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев со земјоделци од Гази Баба и Арачиново: Обештетување на необештетените од невремето во 2016 и 2018
Агровести

Заев со земјоделци од Гази Баба и Арачиново: Обештетување на необештетените од невремето во 2016 и 2018

Објавено 26/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, придружуван од заменик-претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, се сретна со Аднан Ајрула и уште неколкумина други претставници на Организациониот одбор на протести на земјоделците од општините Гази Баба и Арачиново.
На состанокот се разгледани можни решенија за обештетувања земјоделци, кои останале необештетени за настанати штети од невремето во овие општини во 2016 година и во 2018 година, поради правни пречки.
На средбата е договорено, утре, на владината седница, да биде утврдена постапката за обештетување на необештетените земјоделци од невремето во 2018 година, преку иницирање измени и дополнувања на Законот за заштита и спасување, што понатаму ќе оди на усвојување во Парламентот. За мал број необештетени земјоделци од невремето во 2016 година, е договорено правни експерти во Владата да ги разгледаат предметите и причините поради коишто досега било невозможно да се реши прашањето, со цел да се утврди дали има правен основ за решавање и на ова прашање.
„Има волја кај Владата да се изнајдат решенија за посочените прашања и има и пари во Буџетот за оваа намена. Клучно е да се утврдат можностите за обештетување согласно закон и сега сме на тоа посветени“, рече премиерот Заев.
Претставниците на засегнатите земјоделци се заблагодарија на претседателот на Владата Заев, на заменик-претседателот Битиќи и министерот Хоџа, за заложбите за решавање на овие важни прашања за земјоделците.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:заевминистерсредба
Претходен напис ДА, за селски туризам – зелник со кисело млеко, милина за душата
Следен напис Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?