Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Нема нови даноци, мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе во споредба со првите пет месеци лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Нема нови даноци, мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе во споредба со првите пет месеци лани
Агровести

Заев: Нема нови даноци, мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе во споредба со првите пет месеци лани

Објавено 28/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Испраќаме порака на стабилност, нови даноци нема да има. Можни се нови намалувања од последниот квартал на годинава. Мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе пари од Царина и од УЈП во спредба со првите пет месеци лани, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ребалансот на Буџетот.

Според Заев, кризен данок не ни треба. Државата е за правично оданочување – богатите повеќе да плаќаат.

-Пораката е стабилни даноци, ништо нема да правиме изненадувачки што и да се случува во државата, сме го ветиле тоа пред граѓаните и коморите. Целта е државата да ги собира своите приходи преку борба со сивата економија и верувам дека ќе бидеме успешна приказна во позитивниот натпревар во регинот. Стабилноста на даноците е важна, ја потврдуваме и како левичари сме кажале, 2023-та ако успеат сите анализи, сме за правично оданочување – истакна Заев, афирмирајќи го новиот закон за данок на имот.

Планот е, како што напомена, од последниот квартал од 2021 година да се оди со намалувања на персоналниот данок на доход во ИТ од десет на пет отсто, во последниот квартал од 2022-ра на три проценти и во последниот квартал од 2023-та година на нула проценти. Целта е да се поттикнат стартапите и иновативноста.

-Царина имаа 6,7 посто поголеми приходи од првите пет месеци во 2019 година, што кажува дека економијата е вратена во својот колосек. Ако бидеме паметни да го искористиме овој бран, зашто секоја криза е можност, тогаш ќе оствариме зголемен БДП, нови работни места, нови инвестиции, нови извози од државата. Но, ако има потреба за зголемување на дефицит, не знам реално, тоа би било заради определбата да продолжиме да помагаме. Не дека ние очекуваме некој четврти бран или петти, но треба да помагаме. По 15 месеци видовме дека секоја помош на сиромашните граѓани, на работниците и на компаниите, некако ни се враќа во буџетот. Државата треба да биде сервис, нагласи Заев и за утре најави посебна прес-конференција со економските ресори, како и состаноци со министерот за финансии викендов.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:даноцизаев
Претходен напис (Видео) Бачовски: Продолжуваме со обработка на барањата за финансиска поддршка во сточарството и градинарството
Следен напис Се интензивира руралниот развој на Долно Лисиче
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?