Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни
Агровести

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Објавено 05/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска зеде учество во активноста што ја организираше Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов по повод Светскиот ден на животната средина.

„Како и целиот свет, така и ние денеска го славиме Светскиот ден на животната средина со активности кои имаат за цел да ја поттикнат постојаната грижа и акција за чиста и здрава околина и секојдневие.

Оваа година им се придружив на активностите што по повод овој ден ги организира Град Скопје кој продолжува да го реализира „Акцискиот план – Скопје зелен град“, проект кој во фокусот ги стави решенијата за предизвиците за заштита на животната средина и создавање на одржлив развој на градовите.

Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на пи-ем честички.

Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.

Резултат е и на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа Влада да продолжи со еколошките проекти како што беше замената на загадувачките печки на дрва и на фосилни горива со еколошки чисти инвертери во Скопје и во неколку други градови.

Граѓаните, особено помладите, сѐ повеќе користат превозни средства кои не загадуваат како велосипеди или електрични тротинети, а сериозен поттик за ова е исполнувањето на потребите на луѓето кои пешачат и возат велосипед како клучен дел од решенијата за урбана мобилност во здрава животна средина.

Во таа насока се и сите инфраструктурни зафати во главниот град Скопје, како и во другите градови во земјата.

Во Скопје веќе се надминати 100 километри добро организирани велосипедски патеки и стануваат многу препознатливи одделните велосипедски и пешачки зони долж улиците и булеварите проследени со зелени појаси.

Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови.

И не само во Скопје. Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи и повеќе зелени површини и се спроведуваат мерки за директно справување со изворите на загадување.

Еколошката агенда на државата ја следиме и со зелени енергетски проекти, согласно Европската зелена агенда, односно ја спроведуваме транзицијата од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија.

На местата каде што претходно функционираа рудниците за јаглен и загадувачките термоцентрали сега се градат фотонапонски електрани и се редат ветерни паркови и гасни електро-централи.

Ова е патот на успехот. Патот по којшто поминале повеќе европски земји.

На крај, дозволете уште еднаш да се повикам на Светскиот ден на животната средина со апел на заеднички акции.

Успехот во остварувањето на здрава животна средина како наше секојдневие е можен само со координирани, заеднички акции на граѓаните, деловната заедница и општините и државните институции.“

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:воздухзаев
Претходен напис Хоџа: Можност за земјоделците на кои им е раскинат договорот, да платат давачки и да продолжат да ја користат земјата
Следен напис (ВИДЕО) Заев и Ердоган: Вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?