“Никој не се запрашува колку ги користиме домашните ресурси, што се нашите ресурси, дали се максимално искористени”, рече претседателоот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вечерашната емисија Економски Магазин на Алсат Телевизија,
“Владата отвори дебата и со Коморите, отвори и на седница на Влада, разговаравме за ставање на се во погон, треба се да искористиме. Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има милијарда и петстоини најмалку во евра коишто се надвор од тековите, ќе ги пуштиме во погон или нема да ги пуштиме?
Земјоделското земјиште се уште е државно. Легализиравме да земјоделското земјиште може да го земат оранжериите, да го видиме другото. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, тие ќе можат да повлечат повеќе кредити за својот организационен тим.”, додаде Заев.
Заев кажа дека отвара дебата покрај државното земјиште и за легализација на парите кои не се во тековите во државата, за што рече дека сака да го слушне општетсвото како размислува на овие теми, бидејќи како што кажа сега е време за храбри чекори.
“Дебата отварам за државното земјиште, дебата отварам за легализиреање на парите коишто се надвор од тековите, освен оние коишто се криминални и за коишто има процеси , отварам дебата. Сите странски коли во државата, сите се надвор од текот, не плаќаат регистрација. Го имаме и угостителството. Зошто кај нас е толку малку учеството на угостителството во бруто домашниот производ, а во европските земји учествуваат многу повеќе. Да ја отвориме дебата и ќе видиме. Ги нафрлам како теми за кои сакаме да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптег сите наши ресурси, затоа реков неповторлив е периодов, Европа е тука, еве определени 9 милијарди за регионот, вредеше, создадовме одлични околности”, заклучи Заев.
