Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот, а со дополнителните 5 милиони евра да се постигне просечна цена од 180 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот, а со дополнителните 5 милиони евра да се постигне просечна цена од 180 денари
Агровести

Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот, а со дополнителните 5 милиони евра да се постигне просечна цена од 180 денари

Објавено 25/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта и со дополнителните 5 милиони евра од Пакетот 5 да се постигне просечна цена од 180 денари по килограм

„Силно ја поддржуваме иницијативата да се одржи итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп на тутунот и да биде откупена целата годишна реколта и со помош на дополнителните 5 милиони евра од Пакетот 5 да им помогнеме на тутунопроизводителите да постигнат просечна цена од 180 денари по килограм“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Тој информираше дека до сега се откупени 24,5 милиони килограми тутун и дека за откуп за оваа реколта се обезбедени 4 милијарди денари, односно 70 милиони евра.

„Ако Собранието постигне согласност за итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп до крајот на март наместо до крајот на февруари, ќе добиеме можност за откуп на целата реколта и наместо сегашната просечна цена од 165 денари ќе се создадат услови за постигнување на 180 денари по килограм тутун“, рече премиерот Заев од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања. 

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:заевпросечна ценатутун
Претходен напис Заев: Работиме на тоа конечно да го постигнеме договорот за слободна трговија со Турција
Следен напис Сончево со температура до 22 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?