Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Забрана за камиони воведена и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарос
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Забрана за камиони воведена и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарос
Агровести

Забрана за камиони воведена и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарос

Објавено 12/01/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 10.40 часот  се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП Македонијапат.

Претходно јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци –  од 9.30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8.05 часот – на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека и Плетвар.

Исто така, од 7.25 часот е воведена забрана за сообраќај  на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а  забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.

Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци, тешките товарни возила од 8.50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БарбаросЗабранакамиониМакедонски Брод – Прилеп
Претходен напис Дали сте слушнале за шилеста зелка? Сè повеќе се бара во Западна Европа
Следен напис Приведени четири лица, сите од Гевгелиско, осомничени за незаконит лов
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?