Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За земјоделците годинава над 120 милиони евра, во тек редовните исплати на субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За земјоделците годинава над 120 милиони евра, во тек редовните исплати на субвенциите
Агровести

За земјоделците годинава над 120 милиони евра, во тек редовните исплати на субвенциите

Објавено 08/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За земјоделците годинава од централниот буџет ќе бидат обезбедени над 7,2 милијарда денари или преку 120 милиони евра диркенти плаќања, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Штип, до крајот на 2024-та се подмирени сите заостанати долгови во однос на субвенциите, а сега се реализираат тековните исплати.

– Апсолутно ќе има пари за директни исплаќања на земјоделците во новиот буџет. Откако сме Влада, само лани, од 24 јуни до крајот на 2024 година се префрлени над 70 милиони евра  за земјоделците со што се вратени долговите и сега има тековни исплати. За 2025 година се предвидени повеќе од 7,2 милијарда денари или над 120 милиони евра директни плаќања за земјоделците од централниот буџет, истакна Мицкоски.

Премиерот уште еднаш потенцира дека земјоделците се приоритет на оваа Влада.

– Во 2024 година имавме добри резултати и кај лозарите, јаболкарите, тутунарите, поддршка добија и оние што произведуваат раноградинарски производи, сливарите, се обезбеди пазар и за оризот, пченицата, јачменот,… Континуирано се помагаат земјоделците, така ќе продолжиме и оваа година, подвлече Мицкоски.

Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на клон на градинката „Вера Циривири Трена“ и на спортска балон сала во рамки на подрачното училиште „Гоце Делчев” во населеното место Три Чешми, а ќе присуствува и на поставување камен-темелник на главен резервоар за вода во населеното место Пребег. 

МИА

Може да ви се допадне

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
Таг:120 милиони еврагодинаваземјоделцитеисплатисубвенциите
Претходен напис Како младите во Европа можат да купат свој дом?
Следен напис Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.8 %
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?