Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

За шумите…


Република Северна Македонија се простира на површина од 2 543 200 ха. Според најновите податоци од Посебните планови за стопанисување со шумите кои се за стопанска намена (состојба,2008.година), вкупната шумска површина во РСМ изнесува 1.091.857,59ха, од кои 835.055,82ха се вкупно обрасната површина и 256.801,77ха необрасната шумска површина(голини).

Треба да се напомене дека има уште 80 000 ха или 7,32% шуми и шумско земјиште со мало стопанско значење, за кои нема изработено Шумско -стопански основи.

Во обрасната шумска површина влегуваат 255.444,74ха високостеблени шумски насади, 546.179,40ха нискостеблени шумски насади, 14.459,50ха шумски култури и 18.978,18ха се шикари.

Вкупната дрвна резерва според истиот извор на податоци изнесува 75.939.573 м3, односно 91 м3/ха. Вкупниот годишен прират изнесува 1.616.782 м3, односно 1,93 м3/ха.

Вкупниот предвиден етат за 10 години изнесува 10.948.149 м3, или годишно 1.094.815м3. Неговата искористеност изнесува 75%.

Според Статистички годишник на Р.С. Македонија 2004(10.01.Шумарство), Државен завод за статистика на Р.С. Македонија, шумите во државна сопственост зафаќаат 90,14%од вкупната шумска површина, додека вкупното учество од дрвна резерва изнесува 92,20%. Приватните шуми зафаќаат 9,86%од вкупната шумска површина , со вкупно учество во дрвната резерва од 7,8%.

Шумарството во Р.С. Македонија е стопанска гранка која во Бруто Националниот Производ учесвува со 0,3 до 0,5 %, меѓутоа, ако се валоризираат опшокорисните функции, придонесот е значително поголем.

Стопанисувањето со шумите во Р.С. Македонија е засновано врз комплексност, многуфункционалност и трајност во производството, при што се води сметка за здравиот однос кон шумите, еколошките принципи за зачувување на животната средина и нега и обновување на шумите.

Шумите зафаќаат скоро една третина од копното на Планетата Зeмја и по правило се наоѓаат на оние локалитети каде, заради неповолна клима, неплодно земјиште, непристапни терени и конфигурација на земјиштето, не се погодни за земјоделство производство или друга намена. Според прегледот на апсолутна од 35% и релативна шумовитост од 0,47ха на жител, Р.С. Македонија, со површина 2 571 000 ха и број на жители 1 909 000 и обраснато шемјиште 835.055,82ха, се наоѓа долниот дел на прегледите во регионот (пред Словенија и Црна Гора).

Природните услови во Р.С. Македонија условени од местоположбата, климата, релјефот, педолошко-геолошката градба на теренот, хидролошко-хидрографските карактеристики и друго, овозможуваат опстанок и развој на голем број растителни и животински видови. Поради тоа, нашата држава се вбројува во земјите со богат биодевирзитет. Голем број на растителни и животински видови се реликти и ендемити.

Дендрофлората на Р.С. Македонија ја сочинуваат 319 видови дрвја и грмушки со повеќе од 80 подвидови и вариетети во рамките на 119 родови и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број на видовите се балкански ендемити или субендемити. Според досегашните истражувања шумските видови дрвја и грмушки формираат 81 шумска фитоценоза во рамките на 31 сојуз, 11 родови и 6 класи.

Врз основа на многубројните општокорисни функции на шумите, Р.С. Македонија ги гледа шумите како дел од националното богатство, односно наследство. Потврда за тоа е Уставот на Р.С. Македонија каде “сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита”.

Традиционално, шумите и шумското земјиште од страна на општеството најчесто се сфатени како ресурс кој дава материјални добра, во прв ред дрво и други шумски производи како лековити растенија, делови од растенија, печурки, плодови, и сл. Покрај економската функција, шумите имаат и многубројни други корисни функции за општеството како што се: одморот и рекреацијата на луѓето; многустрана заштитна функција особено во поглед на заштита на биодиверзитетот и запирање на ерозијата; благопријатно влијание врз климата и режимот на водите; производството на кислород и квалитетот на животната средина итн. Во последните години особено големо значење добива улогата на шумите во врзувањето (намалување) на јаглеродниот диоксид како еден од гасовите кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина. Овие и други значајни функции на шумите се во корелација со нивната состојба и структура, како по површина, така и според квалитет.

Економската, социјалната и еколошката функција на шумите се од огромно значење за одржливиот развој на општеството и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја.

Со државните шуми во Р.С. Македонија стопанисува Јавното претријатие за стопанусување со шуми во државна сопственост ЈП”Национални шуми”. Јавното претпријатие, и во овој период, аналогно на постоењето на секое друго битие, поминува низ разни и сложени периоди со бројни проблеми и противречности, кои повеќе и или помалку успешно ги решава.

ЈП “Национални шуми” е формирано со одлука на Владата на Р.С. Македонија од 15. 12. 1997. година, а со работа започна на 01. 07. 1998. како правен следбеник на повеќе стопански објекти кои до формирањето стопанисуваа со државните шуми.

Во првите години на независноста, Р.С. Македонија влезе во многу тежок транзициски период во кој требаше брзо да го реконструира економскиот и политичкиот систем, а со тоа и своето стопанство. Периодот на транзиција беше дополнително отежнат поради сложената социјална и економска состојба.

Бројните негативни појави во развојот на севкупното општество и економијата, влијаеа и на шумарскиот сектор. И покрај тешката економска положба и наследените дубиози ЈП “Национални шуми” функционира како важен стопански субјект во Р.С. Македонија, следејќи ги политичките и економските промени во Р.С. Македонија во согласност со евроинтеграциските процеси кои налагаат приоритети и фокусирање кон општокорисните функции на шумата и нејзиното стопанисување, интегрирајќи се во многу поширок контекст во кој заштитата, биодиверзитетот и грижата за природата и животна средина се ставени во прв план.

Р.С. Македонија има потпишано и ратификувано многу меѓународни договори и конвенции за заштита на шумите и животната средина кои влијаат врз шумарскиот сектор. Ориентацијата на земјата кон Европската Унија бара хармонизација на шумарската политика со обврските кон неа.

Реалните услови во моментов ја налагаат потребата за создавање ефикасен систем за многуфункционално стопанисување со шумите и развој на модерна дрвна индустрија со високи стандарди.

Извор:ЈП Македонски шуми

Окт 27, 2019agrotim1
Русија купи добиток од Европа за 100 милиони евраЈП Национални шуми

Напишете коментар Откажи одговор

27/10/2019 Саеми и манифестации, Шумарство и водостопанстводрвја, ЈП македонски шуми, култура, површини, шумарство129

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019